Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

· јануари, 2013

Написи од Заокружено од јануари, 2013

Една сиромашна жена и нејзините кучиња

Џабервок споделува неверојатна приказна за една стара жена која сака животни и живее во мала приправена колиба во Делхи. Таа со години се грижи за улични кучиња, користејќи го бедната заработка од собирање и продажба на ѓубре што може повторно да се искористи.

Паралели помеѓу верските војни и војните за авторски права

Рик Фалквинге, основачот на Пиратската Партија, нуди реинтерпретација на верските војни кои во текот на XVI и XVII век ја опустошиле Западна Европа, споредувајќи ги со современата борба за контрола на информациите преку несоодветни и агресивни закони поврзани со авторските права и слободата на изразување:

Религиозните војни не биле за религијата како таква. Нивната суштина била кој смее да ја има моќта да толкува, кој го контролира знаењето и културата достапна на масите. Тоа биле војни за контрола на протокот на информации.

(more…)

Македонија: Граѓани бараат од државната информативна агенција да запре со манипулациите

Преку новата иницијатива против медиумски манипулации на МИА, односно државната Македонска информативна агенција, активисти ги поттикнуваат граѓаните да го изразат своето незадоволство преку е-пошта до агенцијата.

Според блогот, акцијата ја предизвикал последниот пример за бесрамен спин (mk, en) кога дописникот на МИА ја извртел изјавата на американскиот дипломат Филип Рикер за разочараноста од балканските лидери, да изгледа дека се однесува на македонската опозиција. Рикер тоа го демантирал во изјава за критичкиот портал Либертас, објаснувајќи дека алудирал на лидери кои се на власт и се оддалечуваат од демократијата. Либертас тврди и дека Владата и МИА не дале одговор на нивното барање за коментар.

Онлајн алатки за луѓето со хендикеп во Босна и Херцеговина

Гласовите од Евроазија на УНДП ги опишува (на англиски) новите алатки базирани на веб наменети за промовирање на правата на лицата со хендикеп во Босна и Херцеговина:

(more…)

Македонија: Активистите од #АМАН собрале 10.000 потписи потребни за промена на закон

Активистите на граѓанската иницијатива АМАН ја продолжуваат борбата за подобар закон за енергетика [en, mg, fr, es], наспроти притисоци и инфилтрации. Во ноември, „непознати лица“ ги спречиле да разговараат со премиерот Груевски на „отворена средба со граѓаните на Центар“. Во врска со тековната кампања за собирање потписи за законски промени (чиј рок е 31 јануари) го објавија следното соопштение:

(more…)

Франција: НВО ја осудуваат приватизацијата на содржини од јавен домен

Седум европски асоцијации за слободна култура објавија соопштение изразувајќи протест против јавно-приватното партнерство помеѓу Француската Национална Библиотека (БНФ) и компанијата за бази на податоци Проквест, чија цел е да дигитализираат голем број дела што се во јавен домен (со истечени авторски права) и да ги приватизираат со право на ексклузивна комерцијализација на период од десет години. Активистот Филип Егрен ја објасни „генеологијата на оваа катастрофа“ на неговиот блог.
(more…)

Македонија: Спортски новинар протестира поради малтретирање

Ticket for 2013 World Men's Handball Championship for Barcelona, Spain

Билет за Светското првенство во ракомет за мажи 2013 од блогот на Филевски. Фотографијата е објавена со дозвола.

Истакнатиот македонски спортски новинар Игор Филевски, кој работи како дописник од Шпанија, преку неговиот блог објави дека веќе нема да го покрива домашниот спорт во знак на протест против молчењето на неговите колеги и надлежните институции. Тие настојчиво го игнорираат малтретирањето кое тој го поднесува заради известувањето за проблемите во Ракометната федерација на Македонија, меѓу кои непотизмот и неодамнешниот заташкан скандал со неорганизиран превоз на репрезентацијата на Светското првенство во ракомет за мажи во Севилја и Барселона.
(more…)

Кина: Кариерата на владин пропагандист прекината поради вирален дневник на љубовница

Уште еден секс-скандал, разоткриен преку интернет од љубовницата на Ји Јунгинг, висок функционер задолжен за пропаганда, довел до оставка на Ји. Целата сторија (на англиски) ја пренесува блогот Министерство за тофу.

Традиционална хуцулска прослава на Богојавление во Украина

Фотографот Максим Баландјук објави фоторепортажа (на украински) од традиционалната хуцулска прослава на Водици (верски празник за комеморација на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, на украински наречен Водохрешча) во селото Криворивња во планините Карпати во Западна Украина.

Македонија: Годишница на блогот Пивски стомак

Logo of the Beer Belly Blog (Пивски стомак)

Оригиналното лого за Пивски стомак волонтерски направено од@dasaf

Блогот „Пивски стомак“ прослави (mk, mk) прва годишница. Неговиот автор @Twibi се заблагодари thanked на македонските твитерџии кои му носеле примероци на пива од нивни патувања низ целиот свет за да ги рецензира. До годишницата, тој има објавено 198 постови за пива од 20 земји, вклучително и од Кенија, благодарение на учесниците на Самитот на Глобал војсис 2012 - @ieli и @bjasari.