Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

· април, 2015

Написи од Заокружено од април, 2015

Европската Унија не сака да додели намален ДДВ на е-книгите

Imagen compartida por Blog de sinerrata editores    usada con permiso

Знамето на Европската Унија. Фотографија споделена од блогот Sinerrata Editores, искористено со дозвола.

На 5 март, 2015, Европскиот Суд на правдата пресуди дека намалениот данок на додадена вредност (ДДВ) утврден за печатените книги не треба да се однесува и на дигиталните, сметајќи се што е дистрибуирано или пренесено електронски или преку интернет за услуга. Амалиа Лопез ја става под знак прашалник оваа резолуција на блогот Sinerrata Editores:

Lo que más me ha llamado la atención es que refuerzan la decisión utilizando el argumento del soporte, […] que igual tuvo sentido en algún momento del pasado pero hoy en día me resulta completamente absurdo. Es verdad, el libro electrónico es un archivo no un objeto pero, ¿es un libro menos libro porque lo guardo en mi ordenador o mi lector electrónico en vez de en la estantería? ¿Cuándo leo un libro digital la experiencia cultural es menor que cuando es un libro de papel? Es decir, lo que este tribunal ha sentenciado (o esa es mi interpretación) es que lo que hace de un libro un producto cultural y por tanto merecedor de un impuesto reducido (y un menor coste para los consumidores) es el papel en el que está impreso.

Тоа што ме зачуди е дека тие го искористија форматот како аргумент за поткрепа на нивната одлука, […] што можеби би имало смисла во некое друго минато време, но денес, сметам дека е апсурдно. Навистина, е-книга е фајл и не е предмет, но дали се одзема од вредноста на некоја книга ако јас ја чувам на мојот компјутер или на мојот е-читач наместо на моите полици? Кога читам дигитална книга, дали културното искуство е помало отколку тоа на читањето на испечатена книга? Заклучно, тоа што овој суд го пресуди (или, барем, тоа е мојата интерпретација) е тоа што ја прави книгата културен производ, и со тоа заслужува и намален данок (и намалена цена за потрошувачите), е хартијата на која е испечатена.

Пресудата вклучува книги преземени или прочитани онлајн и опфаќа електронски формати за компјутери, паметни телефони, е-читачи и други уреди на кои може да се чита.

Можете да прочитате повеќе за оваа тема на написот на Амалиа Лопез за Sinerrata Editors, и да ја следите на Твитер: @Sinerrata.

Овој пост е дел од 43от #LunesDeBlogsGV (Понеделник на блогови на ГВ) на 2 март, 2015.

Притаената криминализација на абортусот во Еквадор

Марита Сеара, која блогира за Voces Visibles, предупредува за криминализацијата на абортусот која е во подем во Еквадор, една од најтешките држави од Латинска Америка во која жена може да абортира, надмината само од Венецуела.

Hay dos únicos casos en los cuales es permitido el aborto: cuando corre peligro la vida de la mujer y cuando se trata de una “violación a una discapacitada mental”. A mi parecer, inaudito. Leo en el medio ecuatoriano, Plan V, y no salgo de mi asombro, el proceso en el cual se trata de despenalizar el aborto en dicho país, un país donde, según se señala en dicho medio, 380 mil mujeres aproximadamente han sido víctimas de violación, un país donde una de cada cuatro mujeres han sido víctimas de algún tipo de agresión sexual, un país en el cual ha aumentado un 74,8% los embarazos de niñas entre 10 y 14 años, muchos de los cuales parecen estar ligados a violación sexual; un país donde más de 3.600 niñas menores de 15 años son madres producto de una violación.

Постојат само два случаи каде е дозволен абортус: кога животот на мајката е во опасност и кога е „силување направено врз жена со пречки во развојот“. За мене, ова е срамота. Прочитав на новата еквадорска веб страна Plan V (План В) и сум запрепастена за овие обиди да се криминализира абортусот во таа држава—држава каде, како што посочува План В, околу 380,000 жени биле силувани, каде една од четири жени била жртва на некоја форма на сексуален напад, и држава каде бременоста помеѓу 10 до 14-годишни девојчиња е зголемена за 74.8 проценти—многу од нив се чини дека се должат на сексуални напади. Ова е држава каде повеќе од 3,600 девојки помлади од 15 години се мајки како резултат на силување.

Криминализирањето на абортус ќе има длабоки последици за довербата помеѓу лекарите и пациентите, а да не зборуваме дека ќе ги влоши веќе неверојатните социјални нееднаквости во земјата.

Исто така, концептот на криминализација може да се прошири. Десетици жени одлежуваат затворска казна во затвори како Ел Салвадор, обвинети за „убиство од небрежност“ како резултат на спонтан абортус. Некои од овие, речиси-мајки, отслужуваат и до 30 годишни затворски казни.

Можете да ги следите Voces Visibles и Марита Сеара на Твитер.

Постот прегледан тука беше дел од #LunesDeBlogsGV (Понеделник на блогови на ГВ) на 2 март, 2015.

Барате книги за исламот, феминизам и радикализација?

Блогерот Ројаја Чамседин, либанско-американска новинарка и коментаторка моментално во Сиднеј, сподели листа на книги за исламот, феминизмот и радикализацијата во овој напис на нејзиниот блог Писма од подземјето.

Листата, која ќе се проширува во иднина, вклучува и линкови до некои книги кои можете да ги превземете во ПДФ формат.

Дали ова е се што има да каже специјалниот пратеник на ОН во Јемен за војната во тек: „? тмноппббнпбкпб“

Твитер профилот на асистентот на генералниот секретар на ОН, специјалниот пратеник на генералниот секретар за Јемен, Џамал Беномар, ја испрати следната порака пред неколку часа:

тмноппббнпбкпб

— Џамал Беномар (@Jamal_Benomar) 29 март, 2015

Адам Барон, новинар кој го покрива Јемен, забележува 13 часа од првичното објавување на твитот:

Не ми се верува дека медиумскиот тим на Џамал Беномар се уште не го избришал твитов. Можно ли е бидејќи навистина кажува се? https://t.co/F2GB5oQ1iX

— Адам Барон (@adammbaron) 29 март, 2015

Screen Shot of BenOmar's Tweet still up on his account 13 hours after it was tweeted

Скриншот од твитот на Беномар се уште на неговиот профил 13 часа по објавувањето

Ова е втора реакција на Твитер на Беномар откако Саудиска Арабија започна со воздушни напади врз Јемен на 26 март, кои продолжуваат и денес. Неговата прва реакција беше линкување на оваа изјава дадена од генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун.

Адвокат за мир од Уганда номиниран за Нобелова награда за мир

Ова е Уганда (ОваЕ256) е платформа од талентирани писатели од Уганда кои се решени да пишуваат позитивни стории за нивната држава,  осудувајќи ги сториите околу порното од сиромаштија, гладот, Еболата и племињата, помеѓу останатите. Тие се надеваат да презентираат автентична, рефлективна, искрена, и објективно избалансирана студија за Уганда која никогаш не можете да ја најдете во западните мејнстрим медиуми.

Нивната последна сторија е за Виктор Очен, поранешно внатрешно раселено лице, кој е номиниран од Сервисниот комитет американски пријатели (AFSC), “Quaker” организација за социјална правда, за Нобеловата награда за мир.

Во минатото, AFSC го номинирала Дезмонд Туту, Мартин Лутер Кинг Џуниор, и претседателот на САД, Џими Картер, и сите номинирани ја освоиле наградата. Организацијата неуспешно го номинирала Махатма Ганди, кој никогаш не ја освои Нобеловата награда за мир, иако беше номиниран пет пати во периодот помеѓу 1937 и 1948.

Очен, 33, е основач на Африканската мрежа за младинска иницијатива, која се наоѓа во Лира, Уганда, во 2005, која работи на медицинска рехабилитација на жртви од изгореници, осакатувања од секој вид, силување и психолошка тортура како и промоција на млади лидери. Таа прерасна во позната меѓународна мрежа на медицински професионалци кои помагаат на жртвите повторно да ги изградат своите домови и основните услови за живеење. Според Ова е Уганда:

Тоа што Виктор го направи ова од чисто сочуство го додаде на оваа престижна листа. Како тинејџер во кампот Абиа кој беше дом на повеќе од 40,000 луѓе, тој формираше клуб на мирот со неговите врсници. Оваа иницијатива ги налути возрасните „Зошто зборуваш за мир кој никогаш не си го видел?“ Тој бил со претприемнички дух; си го ризикувал животот горејќи јаглен за да собере средства за училишните трошоци. Потоа тој се запишал во средно училиште и едвај можел да одвои време за неговиот бизнис со горење јаглен, па така тој станал чевлар, и ги поправал чевлите на децата од училиштето. Еден ден успешно изработил голема нарачка да ги поправи чевлите на училишниот фудбалски тим, но за несреќа парите од таа нарачка му биле украдени. Неговата напорна работа и омиленоста кај учителите му помогнале да го заврши средното образование

Срцето на Виктор беше на вистинското место дури и кога работеше со фондацијата „Straight Talk“ во Кампала, и преку интеракцијата со луѓето на терен сфати дека луѓето од Северна Уганда сакаат и повеќе од социјална помош, и сакаат и заслужуваат повеќе. Тогаш ја напуштил работата и ја основал Африканската мрежа за младинска иницијатива. Иницијативата ги мобилизира заедниците, особено младите, да се заземаат за мир и човекови права, помирување. Тие нудат психосоцијална помош на жртви од конфликти, повеќето од кои претрпеле тешка емоционална болка и се борат со простување, тие исто така поддржале повеќе од 5000 луѓе со реконструктивна хирургија, особено жени чии усни биле отсечени, иницијативата исто така поддржува активности кои генерираат приход, формирани се 100 мировни клубови во училишта и универзитети во Северна Уганда и преку 6000 млади поминале низ програмата за градење мир и транзициона правда.

ИСИС ги горат донациите во храна на САД за Сирија

Турскиот новинар Мете Сохтаоглу, кој живее во Истанбул, објави дека ИСИС ја горат хуманитарната помош во храна на САД кон Сирија „бидејќи тоа не е халал“ – или исламски дозволено и законски.

Тој ги твитна следниве фотографии како доказ за неговата објава:

#ISIS ги гори #US донациите во храна на #Syria бидејќи тоа не е ‘халал’ pic.twitter.com/P8ytLCqNvx

— Мете Сохтаоглу (@metesohtaoglu) 1ви април, 2015

Фотографии и видео од 3 дневната забрана за движење во Сиера Леоне

Мајкл Дуф споделува приказни на очевидци од 3 дневното блокирање во Сиера Леоне кое беше воведено како мерка за борба против еболата:

Жителите на Сиера Леоне денес издишуваат со леснотија со враќањето на слободата на движење на граѓаните на главниот град и во северниот дел од државата кои беа подложени на задолжителна владина мерка за тридневно останување во своите домови.
Иако имаше судири помеѓу полицијата и жителите на „Devil Hole“, во руралната област „Freetown Western“ кои доведоа и до употреба на солзавец, за многумина оваа забрана помина мирно и тивко.

Тринидатка се вљубува во Јамајка

Модна блогерка од дијаспората на Тринидад, Афробела, пораснала „со реге музиката и [со] љубов кон јамајканската култура“ – па зошто и требало толку долго всушност да го посети островот? Таа не е сигурна дека може да одговори на прашањето, земајќи предвид дека нејзините први импресии беа „Јамајка е неверојатно прекрасно место со уникатна култура и кујна“:

Јамајканската култура е ценета насекаде низ светот, но сосема друго е да отидете таму, да бидете таму, и да го искусите тој животен стил.

Имајќи го тоа на ум, таа ги напиша нејзините Топ 5 причини да ја посетите Јамајка. Се разбира дека нејзината листа вклучува работи како топлото време и амбиентот на популарното место за летување, заливот Монтего – но исто така и поетски се восхитува на реге музиката во државата, храната и пиењето и – не изненадувачки за моден блогер – шопингот.