Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

· август, 2012

Написи од Заокружено од август, 2012

Албанија: Елиза Душку за „Зашто мора да се посети Албанија“

На делот од Хафингтон пост за патувања, американската актерка Елиза Душку пишува (на англиски) за нејзините албански корени и нејзиното патување во Албанија.

Македонија: Алатка за краудсорсирање против родово-засновано насилство

Тековниот избор за „Алатка на неделата“ на блогот на Ушахиди  (en, mk) е „Реагирај!“, онлајн платформа против родово-засновано насилство во јавни простори (en, mk, sq) објавена од тинк-тенкот Реактор, која иницијално ги покрива скопските општини Центар и Чаир.

Македонија: Продолжува уништувањето на Скопскиот аквадукт

Преку Фејсбук и нејзиниот блог, археологот Василка Димитровска сподели свежи фотографии од Тони Манџуковски, со што дигна узбуна за континуираното уништување на античкиот Скопски аквадукт, кој е целосно занемарен од властите и локалното население го користи како извор на градежен материјал. Ироничниот наслов на нејзиниот пост, „Да изградиме постар и поубав Аквадукт“, се однесува на озлогласената изјава [en, sr] од еден од српските водачи во текот на бомбардирањето на Дубровник во 1991. До сега, само три медиуми ја пренеле веста: на македонски јазик Дневниот Фокус и МКД, а на албански PortAlb.mk.

Италија, Македонија: Смешен (и несоодветен) превод на името на државата

Порталот Прес 24 објави фотографија од некој корисник на Фејсбук кој открил дека наместо Македонија, дисплејот со повикувачки кодови на еден милански аеродром како име на државата го прикажува терминот „Fruit Salad“ односно овошна салата на англиски.  Зборот „Macedonia“ е синоним/вид овошна салата на италијански, шпански  и др. јазици. Се појавува и како буквален превод преку Гугл транслејт.

Грција: Анти-националистите бараат разновидност

Анти-националистичка налепница од Атина на која пишува (на грчки): „Сакаме албански соученици, авганистански колеги, нигериски соседи и клоци за фашисти.“ Извор: Страницата на Фејсбук „Европјани против политичкиот систем“.

(more…)

Русија: „Вистинското богохулие“ – Славој Жижек за Пуси рајот

Рускиот колектив „Што да се прави?“ објави есеј на англиски од словенечкиот филозоф Славој Жижек, кој смета дека Пуси рајот „се концептуални уметници во најблагородната смисла на зборот: уметници кои отелотворуваат Идеја“ и се борат против цинизмот на моќниците кои настојуваат да ја вратат Русија на ниво на царизмот, кое Лав Троцки во 1905 г. го опишал како „злонамерна комбинација од азискиот камшик и европската берза“. Текстот е преведен на различни јазици (en, ru – на средина на страницата, it, sr, sr, mk, gr) и пренесен од блогери и прогресивни портали од разни делови на Европа.

Бутан: Топ-тема на Твитер заради помошта на Индија

Минатата недела, електричните мрежи низ северна Индија колабирале и струја од хидроцентралите во соседен Бутан била користена за движење на метрото во Делхи. Индиските твитерџии толку зборувале на темата што зборот „Бутан“ (односно Bhutan) влегол меѓу десетте врвни „трендинг“ хаштагови на Твитер, известува Боаз Шмуели (на англиски).