Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

· септември, 2015

Написи од Заокружено од септември, 2015

Истражување на ХРВ утврдува сериозни закани по слободата на медиумите во земјите од Западен Балкан

По речиси една година истражување во регионот и длабински интервјуа со над 80 новинари, уредници и сопственици на независни медиуми, Human Rights Watch (Хјуман рајтс воч) објави извештај во јули 2015 тврдејќи дека слободата на медиумите во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија е под закана.

Заклучоците во извештајот вклучуваат неказнување и недостиг од реакција од страна на властите за закани, тепања, дури и убиства на новинари и медиумски работници во овие држави, наведувајќи дека политичките вмешувања и финансиските притисоци преку високи казни и нејасни закони често се наметнуваат на независните медиуми во овие држави.

Во неколку случаи новинарите пријавија дека продолжуваат да бидат мета на физичко насилство и после иницијалните напади врз нив, повторно, често без казни за нивните напаѓачи. Новинарите кои пишуваат за воени злосторства или радикални религиозни групи во БиХ, Косово и Србија изјавуваа дека властите го намалуваат значењето на сериозноста на заканите кои тие го добиваат онлајн.[…]

Неефикасноста и големата заостанатост во овие четири правни системи го попречуваат навременото судење на овие правни случаи. Случаите имаат тендеција да се развлекуваат со години, создавајќи средина која може да се искористи како предност од оние кои сакаат да го задушат критичкото известување преку кривични дела на заплашување.

Клучната препорака до властите и владите од Human Rights Watch за четирите држави за кои станува збор по извештајот вклучува јавно и недвосмислено осудување на сите напади на новинари и медиумски куќи и гаранција за брзи и темелни истраги на сите вакви инциденти, како и брзи и непристрасни истраги на сите напади и закани кон новинари и медиуми, вклучувајќи го и сајбер-криминалот. Меѓународното Human Rights Watch исто така препорача Европската Унија, кон која аспирираат сите четири држави, ОБСЕ и Советот на Европа да обратат поголемо внимание и да преземат дополнителни чекори да ги повикаат надлежните власти во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија да реагираат соодветно кон заканите кон медиумите и да обезбедат безбедна средина за работа на новинарите.

Папата Францис во Латинска Америка: „Идеологиите завршуваат лошо, тие се без цел“

Папата Францис се искажа против идеологиите: http://t.co/EiiH1kqntX pic.twitter.com/NzaCiraLbS

— El Universo (@eluniversocom) 11 јули, 2015

Папата Францис ја заврши неговата осумдневна тура низ Латинска Америка, каде одржуваше миса во трите држави кои ги посети: Еквадор, Боливиа и Парагвај. Пораката на понтифот се фокусираше на мирот и потребите на најсиромашните.

Тој исто така се залагаше и за „чиста игра и држење настрана од корупција“.

Но, за време на затворањето на турата во Асунцион во неделата, 11 јули тој изнесе еден од неговите најполитички говори:

Идеологиите завршуваат лошо; тие се без цел. Идеологиите имаат релација со луѓето која е отсутна, нездрава или злобна. Идеологиите не ги земаат предвид самите луѓе. Во минатиот век идеологиите завршија во диктатури. [Идеологиите] мислам на луѓето, но не дозволуваат на луѓето да размислуваат.

Српската Агенција за разузнавање фатена во преговори за купување софтвер за надзор

Screenshot of one of many emails from Hacking Team account manager to unknown official Serbian State Intelligence Agency email from 2012. Image courtesy of SHARE Defense, used with permission.

Скриншот од еден од многуте мејлови од менаџерот на корисници на Хакинг Тим до непознат официјален мејл на Српската Агенција за разузнавање од 2012. Фотографија на SHARE Defense, искористена со дозвола.

Српското НВО SHARE Defense (Шер дифенс) објави во јули 2015 „обелоденети“ мејлови и датотеки кои припаѓаат на софтверската компанија базирана во Милано – Hacking Team (HT) објавени на Викиликс, кои откриваат дека најмалку една српска служба за безбедност била во преговори за купување на софтвер за надзор во 2012. Исто така постојат и докази за еден или повеќе имејл адреси на српското Министерство за одбрана се појавуваат како времени корисници на шпионскиот софтвер кој е создаден од италијанската компанија.

Софтверот за кој станува збор е таканаречениот Remote Control System, или RCS, кој во основа работи со таргетирање на ширењето на вируси кон компјутерите и мобилните телефони кои ги користат личностите кои се предмет на надзор. Според извори на SHARE Defense, повеќето од клиентите кои го користат овој софтвер се владите низ целиот свет и нивните безбедносни служби.

Правниот тим на SHARE Defense исто така посочи и кон тоа кои организации би можеле да имаат пристап до софтверот, и финансиски би можеле да си го дозволат истиот:

Фондацијата Share (Сподели) пишуваше за правната рамка за набавување на вакви софтвери во Србија уште во 2013 поради случајот “Trovicor”, стоејќи на тоа дека правилата за употреба на вакви средства со двојна употреба мораат да важат и дека е неопходна дозвола од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.[…]

Доколку претпоставиме дека некои организации можат да бидат овластени да ја користат оваа опрема, во нашиот правен систем тоа не би било можно без судска одлука согласно законот. Нејзиното користење на било кој друг начин би било очигледно кршење на човековите права кои се гарантирани со Уставот на Република Србија и бројни меѓународни конвенции.