Онлајн алатки за луѓето со хендикеп во Босна и Херцеговина

Гласовите од Евроазија на УНДП ги опишува (на англиски) новите алатки базирани на веб наменети за промовирање на правата на лицата со хендикеп во Босна и Херцеговина:

  • Повеќе можности (бос. Više Mogućnosti) е веб-портал каде луѓето со хендикеп може „да пријават дискриминација, споделуваат идеи за проекти и да предложат промени на политики“;
  • Еден извештај (на англиски) за е-пристапноста во Југоисточна Европа, кој покажува „како информатичките и комуникациските технологии може да се искористат за да се отстранат многуте бариери за учество во општеството“;
  • Базата на податоци DAT-SEE (анг.) за асистивни технологии со директориум за помош што им помага на луѓето со хендикеп „да откријат за видовите, достапноста и цените на асистивни технологии (како апарати за мобилност и слушање, софтвер за препознавање говор) во Југоистична Европа и во ЕУ, со цел да може да донесат одлуки базирани на знаење“;
  • Првиот едукативен софтвер за деца со аутизам на босански јазик;
  • InfoServis.ba – веб-сајт за луѓето со нарушен вид, што содржи и онлајн упатство за пишување и уредување вести.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.