Здраво преведувачи! Водичов служи како референца и детално ги објаснува процесите на преведување написи на Глобал војсис (Global Voices) во рамки на Лингва мрежата (Lingua Network) и од Лингва страниците (Lingua sites). За да ја видите кратката верзија, направена за новите преведувачи, погледнете ја презентацијата подолу. Овој водич е подробен и опфаќа голем број прашања со кои се соочуваме. Дополнително, проверете ги и останатите Лингва водичи на Глобал војсис.
Оваа презентација нуди преглед на техничките процеси на објавување и ги заокружува објаснувањата дадени подолу.
Глобал војсис лингва преведува материјали од Глобал војсис на Вашиот јазик. Значи, можете да преведувате од:
- Глобал војсис на англиски јазик
- Рајзинг војсис
- Адвокс
- Блогот на заедницата
- Секој напис објавен на која било Лингва страница.
Откако ќе завршите со преведувањето, притиснете на „Submit for review“ и известете го Вашиот Лингва уредник. Ако страницата нема активен Лингва уредник, контактирајте го Лингва менаџерот за помош.
Ако сте нов преведувач и го немате прочитано делот за „Добредојде на новите преведувачи“, Ве молиме сторете го тоа сега. Така ќе се запознаете со Глобал војсис и нашата заедница, додека на оваа страница ќе ги видите техничките детали во врска со објавувањето на преводите. Можете и да го погледнете ова кратко видео во кое е објаснет самиот процес:
Ако сѐ уште не сте соработник на Глобал војсис, тогаш посетете ја оваа страница за да научите како да станете автор или преведувач.
Ако барате информации кои не можете да ги најдете овде, пратете имејл до Заедницата на Глобал војсис и кажете дека не сте го нашле одговорот тука, ние сите можеме да работиме заедно за да го направиме овој водич што е можно покомплетен и подетален.
Накратко за Глобал војсис и Вордпрес [WordPress]
Софтверот кој го користиме за сите страници на Глобал Војсис се вика Вордпрес (WordPress). Тој претставува алатка за блогирање со многу опции и функции кои ги користиме речиси за сите наши страници. Целосното објаснување за тоа како се користи Вордпрес е малку вон доменот на овој документ, но е прилично интуитивно и би требало бргу да го совладате. Ако сакате да научите повеќе за тоа како се користи Вордпрес, посетете ја страницата со нивните објаснувања.
Забелешка за уредувачите на текст и НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ МАЈКРОСОФТ ВОРД
- Почнете да преведувате со тоа што ќе ја внесете содржината од УРЛ-извор.
- Копирајте го текстот кој сакате да го преведувате во Вашиот локален уредувач на текст.
- Преведувајте го текстот таму.
- Залепете го (paste) текстот во Вордпрес и зачувајте го преводот.
Еве неколку препораки за бесплатни уредувачи на текст кои одлично работат со ХТМЛ:
- Виндоус: Ноутпед++ [Notepad++]
- Мeк Оуес Десет: Текствранглер [TextWrangler]
- Линукс: гедит [gEdit] (познат и како Уредувач на текст [Text Editor]). Треба да е веќе инсталиран ако користите Убунту)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за Мајкрософт Ворд: Користењето Мајкрософт Ворд или слични сложени софтвери за обработка на текст нема да го зачува текстот како што сакате бидејќи тие додаваат куп глупости на ХТМЛ-от кои го полудуваат Вордпрес. Ве молиме користете само едноставни уредувачи или уредувачи на кодови како претходно споменатите.
Преведување
Преведувањето од една веб-страница на друга е прилично лесно. Да се надеваме дека најтешкиот дел е самиот превод!
Видео инструкциите во врска со преведувањето се достапни овде:
Увезување содржини од изворот
Првиот чекор при преведувањето напис е да се земе УРЛ (врската) од написот-извор кој сакате да го преведувате и да го внесете во рамката за преведување на ГВ Лингва (GV Lingua Translation box) во делот нов напис (New Post) на страницата за која преведувате.
- Одете до написот-извор кој сакате да го преведете (од Глобал Војсис, Рајзинг Војсис, Адвокс, Блогот на заедницата, или Лингва страница).
- Копирајте го УРЛ.
- Одете на страницата за која преведувате и најавете се (додадете /wp-admin/ на крајот од УРЛ на страницата за да се најавите).
- Изберете Posts > Add New од контролната табла.
- Залепете го УРЛ на написот-извор во рамката за преведување на ГВ Лингва [GV Lingua Translation box].
- Кликнете на Fetch Post Data.
Вака ќе се провери дека УРЛ е валиден, ќе се зачува преведувачкиот запис и ќе се вратат содржините од написот-извор до Вашиот напис-превод за да можете да почнете со преведување.
Забелешка: Системот е поставен да ги покажува грешките ако има проблем со УРЛ, или ако некој друг веќе почнал да го преведува одбраниот напис. Ве молиме внимателно прочитајте ги грешките и следете ги дадените инструкции. Ако и понатаму се соочувате со проблеми контактирајте го Лингва менаџерот.
Ажурирање на преведувачки запис без увезување содржини
Другото копче во рамката за преведување на ГВ Лингва е Update [ажурирај]. Ова копче Ви овозможува да го зачувате или повторно да го зачувате преведувачкиот запис (врската меѓу двата написа како преводи еден на друг). Ова е корисно ако има некаква грешка со информациите во преводот и тие треба да се ажурираат или ако преведувачкиот запис недостасува заради некоја причина.
Ако го притиснете копчето Fetch Post Data кога веќе има текст, информациите од написот-извор ќе бидат додадени на крајот од содржината која е веќе присутна, затоа бидете внимателни со ова копче кога ги уредувате написите кои не се целосно празни.
Преведување наслов на напис и содржина
Ова е очигледно, но ќе го споменеме за да биде сѐ како што треба: Откако ќе ја увезете и преведете содржината, треба да го преведете насловот на написот кој се наоѓа најгоре и содржината во големата рамка, а на крај уверете се дека сѐ е преведено на Вашиот јазик.
Исклучок се ХТМЛ таговите (како <img> ), (како http://site.com) и делови од содржината кои се веќе напишани на друг јазик различен од јазикот-извор (односно оригиналните цитати).
Преведување извадоци
Извадокот е краток опис на написот кој се прикажува на почетната страница, страниците со категории и други архиви наместо целата содржина. Тој треба да се преведе пред преводот да биде објавен. Во спротивно, извадокот ќе биде прикажан на оригиналниот јазик на почетната страница на веб-локацијата за која преведувате.
Проверете го извадокот откако ќе ја увезете содржината.
Автоматски информации за написот
Иако треба да го преведете насловот, содржината и извадокот од написот, постојат други информации кои автоматски се увезуваат и за кои нема потреба од Ваша интервенција. Сепак, добро е да ги знаете е би требало да се обидете да ги забележите доколку некои од овие автоматски увезени податоци недостасуваат:
- Сликичка [Post thumbnail] – УРЛ на мала слика. Ова треба да се наоѓа во рамката ГВ сликички [GV Thumbnails box] на страницата за уредување. Не секогаш ги има во написите-извор така што може и да ги нема во некој превод.
- Изворни метаподатоци – Информации за написот-извор кој ѝ дозволува на страницата на Лингва да прикажува информации како на пример оригиналниот автор и врски назад до оригиналниот напис. Ако некогаш има проблем со изворните метаподатоци, притиснете го копчето Update во рамката за преведување на ГВ Лингва [GV Lingua Translations box] за да ги освежите.
- Категории – Прикажани се во страничната лента од екранот за уредување на напис и соодветствуваат со оригиналот. Секогаш треба да има неколку категории за секој напис. Ако нема, најверојатно сте наишле на грешка.
ЗАБЕЛЕШКА: Ве молиме не додавајте категории за преводи на написи напишани од Глобал војсис (Global Voices). Честа грешка е да се додаде јазикот на Лингва веб-локацијата за која волонтирате, но тоа е непотребно. Категоријата јазик треба да ги покаже јазиците на цитираните блогови и јазиците кои се содржани во написот кој го преведувате.
Треба да ги користите истите категории кои ги има на написот објавен на англиски јазик. Вашиот јазик не треба да биде додаден во листата доколку нема врска (линк) до Вашиот јазик во оригиналниот напис. Ако забележите грешка во оригиналните категории пријавете ја преку нашиот формулар.
Исклучок се написите од Адвокаси и Рајзинг војсис, каде што повеќето категории се додаваат и селектираат рачно согласно увидување и природата на написот.
Конвертирање/локализирање содржини
При преведувањето одреден напис, некои елементи од написот треба да се конвертираат за да бидат подобро пренесени до Вашата лингвистичка публика.
Преведување видеа
Ако написот кој го преведувате вклучува видео, тогаш би било добра идеја да му додадете титлови за да го направите попристапно. Проверете го нашиот водич за користење на Амара за титлување видеа.
Уредување/локализирање врски (линкови) во написите
Иако повеќето врски во преведените текстови остануваат исти, постојат случаи во кои преведувачите можат и треба сами да ги локализираат врските. Текстот или зборовите кои ја содржат врската треба секогаш да се преведуваат за текстот да биде добро читлив.
- Секогаш менувајте ги врските во случај кога оригиналниот напис кој го преведувате води до друг напис на Глобал војсис претходно преведен на Вашиот јазик.
- Ако поврзаната веб-локација нуди верзија на Вашиот јазик, променете ја врската и во овој случај, за таа да води кон локалната верзија.
- Ве советуваме и да ги промените врските кон Википедија, во случај да постои задоволителна страница за истата содржина на Вашиот јазик.
- Можете да ги промените врските и до масовните медиуми, кога се користат за основни информации, доколку најдете добри еквивалентни вести. Дајте им приоритет на врските во рамки на самиот извор: БиБиСи, Ројтерс и некои други медиуми нудат локализирани веб-локации кои можеби известиле за истите работи содржани во написот кој го преведувате.
Во случај да не најдете прилози од истиот извор кој го покрива истиот настан, втората опција е да се обидете да најдете еквивалентна статија на Вашиот јазик, од ценет извор, кој ги претставува истите информации и гледишта.
Имајте на ум дека ова важи само за основни информации во врска со општи настани. Не е исто ако ги промените врските кои водат до уреднички текстови или мислења, или до веб-страницата на одреден медиум која игра клучна улога во приказната или се спомнува како извор на информацијата.
Пример за погоре споменатото е приказната за посетата на претседателот Обама на Бразил, весникот Фолја д Сао Паоло е изворот на важна информација.
Доколку мислите дека треба, додајте врски до дополнителни информации на Вашиот јазик ако мислите дека читателите ќе имаат придобивки од нив дури иако написот кој го преведувате нема такви врски.
Ако написот содржи многу врски и повеќето од нив не може да се локализираат, тогаш прифатливо е да го потенцирате тоа на почетокот на написот, наместо по секоја врска.
[Сите врски водат кон веб-страници на португалски јазик, освен оние за кои не е наведено поинаку]
[Сите врски водат кон веб-страници на шпански јазик]
Ако твитот не е напишан на истиот јазик како Вашиот напис, едноставно додајте го превод вака: (<blockquote class='translation’>) под кодот за вметнување твит (<blockquote>).
Преведете ја само содржината на твитот, врските, датумот и корисничкото име ќе бидат видливи од оригиналниот твит.
- Никогаш не преведувајте го кодот за вметнување твит! Додајте нов код за преведениот текст.
- Не преведувајте ги хаштазите.
- Ако треба нешто дополнително да се објасни (на пример кратенка), објаснете во средни загради ([…]).
Со други зборови, кога станува збор за Глобал војсис на англиски, обично ги оставаме оригиналните хаштази а потоа додаваме […] објаснување на зборот доколку е напишан на друг јазик или ако значењето не е очигледно. За другите Лингва страници, начинот на кој што може ова да се изведе варира од група до група – затоа најдобро консултирајте се со Вашиот уредник за стилот на страницата.
На пример, за Глобал војсис на шпански, преведувачите ги оставаат хаштазите, но вклучуваат превод со користење средни загради [], но зборовите во заградите не се во ист формат како хаштазите: тие се посебно напишани и ги почитуваат правилата за голема и мала буква:
Англиски: Protestors in Egypt gather around Tahrir Square. #Jan25 #Egypt #TahrirSquare
Преведено е вака:
Шпански: Manifestantes en Egipto se reúnen alrededor de la Plaza Tahrir. #Jan25 [25 de enero] #Egypt [Egipto] #TahrirSquare [Plaza Tahrir]
Македонски: Демонстрантите во Египет се собираат околу плоштадот Тахрир. #Jan25 [25 јануари] #Egypt [Египет] #TahrirSquare [Плоштад Тахрир]
Имајте предвид дека ги зачувуваме оригиналните цитати за повеќето јазици, а преводот го додаваме подолу. Во овој случај треба да се користи кодот за цитат во рамка [blockquote].
Примери за цитирани твитови и преводи во Вордпрес
Вака изгледа во уредувачот на текст:
А вака во визуелниот уредувач:
Забелешки на преведувачот
Ако мислите дека некоја информација треба дополнително да се разјасни за да му се помогне на читателот кој не е запознаен со темата, тогаш можете да додадете забелешка за преводот на крајот од параграфот или на крајот од текстот. Користете средни загради:
[забелешка на преведувачот: Лампиаое прекарот на Виргулино Фереира да Силва.]
Слобода при преведување наслови и извадоци
Преведувачите и уредниците имаат повеќе слобода да преведуваат наслови и извадоци на начин кој ќе биде попривлечен и порелевантен за локалната публика. Насловите и извадоците може да се прилагодат кон локалната публика, или да бидат во согласност со оригиналниот напис или англискиот превод, или да се разликуваат и од двете, доколку ја зачувуваат оригиналната идеја.
Преведувачка филозофија: „Пресликај го“ наспроти „Направи нов“
Постојат неколку школи за преведување, ја имаме школата „пресликај“ (оставете го како што е за да се зачува точноста) и ја имаме школата „направи нов“.
Идеално, преведувачите ќе применат разумен пристап кој вклучува елементи од двете школи и ќе го користат нивното расудување со тоа што ќе ја земат предвид публиката кога треба да одлучуваат во тешки случаи. Кога се двоумите, одлучете се за културолошко преведување и избегнете буквално преведување на идиомите.
Ги охрабруваме преведувачите да користат „забелешки на преведувачите“ во загради кога треба да променат нешто во оригиналниот напис. Еве еден банален пример:
Once upon a time [Си беше еднаш] [Забелешка: Во англискиот јазик овој израз се користи на почетокот од басните] there was a young princess blah blah blah [една млада принцеза бла бла бла.]
Исто така, имајте на ум дека Глобал војсис е поблиску до новинска веб-страница – значи таков регистар треба да се користи!
Преведување написи кои не се на англиски јазик
Повеќето преводи на Глобал војсис се од англиски кон друг јазик, но ова се менува бидејќи сѐ повеќе написи првично се пишуваат на други јазици. Кога преведувате напис кој е напишан на пример на арапски, можете да одберете да го базирате Вашиот превод на арапската верзија или на англискиот превод. При процесот на одлучување, имајте ги на ум следниве две правила:
- Идеално, секогаш треба да преведувате кон Вашиот мајчин јазик.
- Доколку е можно, преведувајте од оригиналниот јазик.
Ако одберете да преведувате од друг јазик освен англиски, добро е да одвреме-навреме да ја проверувате и англиската верзија, во случај да има корисен увид во текстот и во случај да има пропусти на преведувачот кон англиски.
Цитати
Ако добро го познавате јазикот во цитатот, слободно преведете го оригиналот, не мора преводот да се базира на англиската верзија. Ако мислите дека англискиот превод на цитатот е лош или погрешен, Ве молиме пријавете го проблемот на соодветниот автор/преведувач или пополнете го барањето за уредување.
Наслови и извадоци
Насловите и извадоците може да се адаптираат за да бидат подобро пренесени до локалната Лингва публика. Кога преведувате некој напис, можете да се придржувате до оригиналниот напис или англискиот превод, или Вашиот превод може да се разликува и од двата. Можете дури да додадете дополнителна информации за текстот да биде подобро разбран (пример: објаснување на имиња, места, изрази).
Справување со разликите и грешки во преводот
Ако откриете разлики помеѓу смислата на оригиналниот напис и смислата на англискиот превод, тогаш треба лично да процените што ќе употребите кога станува збор за Вашиот превод и доколку е потребно контактирајте го оригиналниот автор и/или преведувачот на англиски за да ги разјасните дилемите (контактирајте ги преку имејл достапен на нивниот јавен профил на ГВ) или пополнете го барањето за уредување.
Кога се соочувате со разлики во јазикот и изразувањето, подобро е да се држите до оригиналниот напис. Од друга страна, ако разликата е во тоа што англиската верзија нуди повеќе информации и разјаснува повеќе за меѓународната публика, тогаш можете да ги вклучите тие дополнителни информации.
Ако има голема, збунувачка или проблематична разлика, контактирајте ги авторите/преведувачите за да бидете сигурни дека сите верзии се точни. Можете да се послужите и со лингва барањето за уредување за набрзина да стапите во контакт со Лингва менаџерите во врска со разликите во преводот.
За ХТМЛ и стилот на Глобал војсис
При преведување содржини од Глобал војсис, треба да ги имате на ум стандардите кои Глобал војсис ги користи за содржините да изгледаат добро на финалната страница. Еве некои ХТМЛ стилови кои ги користиме, а кои треба да ги употребувате во Вашите преводи.
Сите ХТМЛ стилови од оригиналниот напис треба да бидат увезени во преводот, што значи дека доволно ќе биде само да се уреди самиот текст, а ХТМЛ стиловите треба да останат исти, но внимавајте не сакајќи да не отстраните некои важни стилови.
Цитати во рамка [Blockquotes]
За голем, цитиран текст ја користиме ХТМЛ ознаката <blockquote> (постои копче во уредувачот за да го олесни ова). Пример:
Еве што рече тој: <blockquote> БЛА БЛА БЛА БЛА БЛА БЛА</blockquote>
Ваквите текстови ќе имаат бела заднина со знак за наводници кој означува дека се работи за цитат од друго место и ќе изгледа вака:
БЛА БЛА БЛА БЛА БЛА БЛА
Преведување цитати во рамка
Политиката на Глобал војсис при преведување текст е да се прикажува оригиналниот текст во <blockquote> ознака, а до него веднаш да се наоѓа преведениот текст. Тоа изгледа вака:
<blockquote>My chair is very small</blockquote> <blockquote class="translation">Мојот стол е многу мал</blockquote>
My chair is very small
Мојот стол е многу мал
За преведување цитати се користи <blockquote class=”translation”>
Овој код се додава кога уредувате во ХТМЛ прозорецот (јазичето TEXT, веднаш до јазичето Visual).
Кодов за преведување цитат се додава со копирање и лепење, или со означување на текстот кој е превод на цитатот а потоа се клика на копчето translation (кое се наоѓа во паѓачкото мени Formats).
Во секој случај, при преведување напис треба да го оставите текстот напишан на оригиналниот јазик и само да го промените преведениот текст со class=”translation”.
Оддесно налево/цитати на арапски/персиски/хебрејски
Бидејќи арапскиот/персискиот/хебрејскиот/пашту се пишуваат оддесно налево, за нив постои друг код. Кодот ќе го промени порамнувањето на текстот и ќе го направи самиот текст поголем (арапскиот јазик се пишува со поголем фонт за да биде јасно читлив).
<blockquote class="rtl">اف الفلسطينيين والإسرائيليين ف</blockquote>
اف الفلسطينيين والإسرائيليين ف
Без разлика дали се работи за div, p или blockquote, class=”rtl” служи за да ја промени насоката на текстот. Ако преведувате текст со rtl класата, тогаш не треба да ја отстранувате освен ако не преведувате за Лингва страница на која се пишува оддесно налево (арапски/персиски/хебрејски/пашту). Во таков случај, класата може да се отстрани и да се замени со стандарден код за цитат.
(Ако преведувате кон арапски/персиски/хебрејски/пашту користете class=”translation” наместо class=”rtl”)
Забелешки/забелешки на преведувачот
За да додадете забелешки на почетокот или на крајот од текстот кои визуелно се разликуваат користете ја класата “notes” во div околу содржината. Забелешките на преведувачот се користат за дополнително објаснување или информации за целната публика:
<div class="notes">Notes: Овој напис е ироничен.</div>
Други стилови во написите
- Италик: Можете да ги пишувате ги имињата во италик а може и да не ги пишувате. Но, што и да одберете, останете доследни на изборот низ целиот превод.
- Претворање во големи букви: Заради доследност, првата буква од првиот збор во насловот треба да биде голема.
Најдовте грешки? Имате прашања?
Благодарни сме што преведувачите се најдобрите читатели, зашто тие обрнуваат особено внимание на она што е напишано на Глобал војсис. Како член на Лингва тимот, можно е да се сретнете со некои грешки а со тоа да ја имате можноста да помогнете да ја подобриме нашата работа. Користете го барањето за уредување кога сакате да пријавите грешка.
Пријавување грешки
Подолу се наоѓа список на чести проблеми со написите:
- Правописни и граматички грешки
- Видеата не се репродуцираат
- Врски кои не водат никаде
- Проблеми со форматирањето
- Погрешни информации
- Недостасуваат информации, односно заслуга за фотографии
- Текстот нема никаква смисла
Во случај да наидете на некој проблем од горенаведените или на нешто за кое мислите дека е грешка, Ве молиме пријавете до уредникот за да може написот-извор и другите преводи да се да се поправат. Лесно е: сѐ што треба да направите е да го пополните барањето за уредување во кое ќе ја вметнете врската од написот кој го преведувате и ќе наведете информации за грешката што сте ја нашле. Слободно пријавувајте грешки и од други страници.
Како да ги контактирате авторите за разјаснување
До фотографијата од секој соработник има поле преку кое ќе пратите имејл до самиот соработник.
Пример – сивото поле до фотографијата на авторот.
Ова е добар метод за комуникација доколку имате повеќе време на располагање. Можете да пристапите до страниците на самите автори со тоа што ќе кликнете на нивното име или фотографија.
Ако Ви треба побрз одговор или ако има јазичен проблем контактирајте го соодветниот уредник кој ќе Ви помогне (со малку информации од Ваша страна). Можете да стапите во контакт со регионалните и јазичните уредници преку контакт страницата на ГВ каде што ќе го одберете примачот.
Кога треба да пратите имејл, користете назнака LINGUA TRANSLATION HELP NEEDED (ПОМОШ ВО ВРСКА СО ЛИНГВА ПРЕВОД) за да не помислат дека се работи за спам или слично.
Финална проверка
Секогаш кликнете на „Preview“ кога ќе го завршите преводот за да погледнете како изгледа. Така ќе видите дали преводот е пресликан од оригиналот и дали е без грешки. Навикнете се да ги проверувате следниве неколку работи пред написот да се објави или прати за проверка
- Дали се преведени сите легенди, текстови под фотографија?
- Дали видеата се репродуцираат?
- Дали врските водат до друга страница?
- Дали вметнавте јазични кодови после врските до страници на различни јазици за да водат до страници на јазикот на кој преведувате?
- Вратете се во Вордпрес: дали го преведовте извадокот?
Пратете го преводот на проверка откако ќе ги поминете горенаведените чекори. Не заборавајте да испратите имејл до уредникот за да го информирате дека написот треба да се провери и објави.
Ресурси за преведувачите
Проверете ја нашата кутија со алатки која содржи корисни ресурси за преведувачите.
Промоција на преводот
Промовирајте ги Вашите преводи со тоа што ќе ги споделите на социјалните мрежи. Колку побргу ги промовирате преводите толку побргу ќе се рашири самата вест. Доколку Вашата Лингва заедница сѐ уште нема сметка на Твитер, проверете го водичот на ГВ за Твитер и контактирајте го Лингва менаџерот.