„Глобал војсис“ е меѓународна и мултилингвална заедница на блогери, новинари, преведувачи, академици и активисти за човекови права. Заедно, ја издигнуваме моќта на Интернетот за да градиме разбирање преку границите. Како го правиме ова?
- Известуваме: Нашиот повеќејазичен редакциски тим известува за луѓе чии гласови и искуства се ретко застапени од традиционалните медиуми.
- Преведуваме: Нашите волонтери од проектот Лингва ги преведуваат нашите стории на десетици јазици, а со тоа прават јазикот да не биде бариера на патот до разбирањето.
- Браниме: Нашиот проект Адвокс застапува за слободен говор на Интернет, со посебно внимание на правните, техничките и физичките закани кон луѓето кои го користат Интернетот за да проговорат јавно за јавниот интерес.
- Зајакнуваме: Проектот Рајзинг војсис овозможува обуки и менторство за недоволно покриените локални заедници кои сакаат да ги кажат нивните приказни преку користење партиципативни медиумски алатки.
„Глобал војсис“ обично има еден или два активни специјални проекти. Специјалните проекти во 2018 година ги вклучуваат Њузфрејмс, проект за колаборативна медумска анализа и проектот за Преведувачки услуги кој е во тек и кој нуди преведувачки услуги на истомислените организации за одредена сума.
Заедница
Авторите волонтери се моторот кој го движи „Глобал војсис“. Покрај пишувањето и преведувањето стории, авторите даваат и локално знаење и го поврзуваат „Глобал војсис“ со истомислените иницијативи ширум светот. Запознајте ги авторите.
Партнерствата со медиуми и невладини организации се исто така клучна компонента од работата на „Глобал војсис“ како заедница, медиумска организација и мрежа на застапници за слободно изразување. Дознајте за нашите партнерства.
Тим и управување
„Глобал војсис“ го движи разнолик менаџментски, уреднички и административен тим. Изведувачите и вработените работат според соодтвените закони за труд. Запознајте го тимот.
На чело на „Глобал војсис“ стои одбор на директори, чии членови се нашите основачи, волонтери и вработени заедно со некои од највлијателните иноватори во сферата на светските Интернет-медиуми. Членовите на одборот не добиваат надомест за својата задача. Запознајте го одборот.
Дознајте повеќе за деталите поврзани со нашата работа и структура на вработени од страницата за Улоги и одговорности на Водичот за заедницата на Глобал војсис.
Правен статус и финансирање
Глобал војсис е инкорпориран во Холандија како Стичинг глобал војсис [Stichting Global Voices], непрофитна фондација. Ние се потпираме на независни грантови, уреднички провизии и корпоративни и индивидуални донации. Прочитајте повеќе за нашата работа во годишните извештаи.
Сакате повеќе детали? Прочитајте ги често поставуваните прашања.
STICHTING GLOBAL VOICES
151 Kingsfordweg
1043GR Amsterdam
Netherlands
RISN No: 818855605