Македонија: Спортски новинар протестира поради малтретирање

Ticket for 2013 World Men's Handball Championship for Barcelona, Spain

Билет за Светското првенство во ракомет за мажи 2013 од блогот на Филевски. Фотографијата е објавена со дозвола.

Истакнатиот македонски спортски новинар Игор Филевски, кој работи како дописник од Шпанија, преку неговиот блог објави дека веќе нема да го покрива домашниот спорт во знак на протест против молчењето на неговите колеги и надлежните институции. Тие настојчиво го игнорираат малтретирањето кое тој го поднесува заради известувањето за проблемите во Ракометната федерација на Македонија, меѓу кои непотизмот и неодамнешниот заташкан скандал со неорганизиран превоз на репрезентацијата на Светското првенство во ракомет за мажи во Севилја и Барселона.

Филевски укажа дека во последните неколку недели добивал закани по живот од функционери преку интернет и од членови на македонската делегација на самиот настан. Досега беа објавени само две изјави на загриженост, првата од ЗНМ (en, mk, sq), а втората од активистот и експерт за медиуми Петрит Сарачини, кој напиша дека „демократското“ молчење наместо јавна осуда и оставки покажува каква е состојбата со слободата на медиумите во земјата, како резултат на десничарско владеење и „преродување“ на медиумскиот простор кое од 2006. влијае на сите пори на општеството.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.