Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

· јули, 2011

Написи од Заокружено од јули, 2011

Македонија: Пејачката Шакира и локалната политичка пропаганда

Развигор известува (на англиски и македонски) дека неколку македонски провладини медиуми ја „оживеаа старата интернет-лага за наводните македонски корени на глобалната музичка ѕвезда Шакира како изговор за промоција на локален политичар“.

 

Унгарија: Отпуштања во јавните медиумски сервиси

Унгарски спектар (Hungarian Spectrum) пишува на англиски за отпуштањата на персоналот на три унгарски јавни медиумски сервиси: „Колку што сфаќам, двете телевизии [МТВ и Дуне ТВ] и Маџар радио вкупно имаат околу 3.500 вработени. Од она малку што се знае за плановите на Владата, веројатно околу 1.000 луѓе ќе бидат отпуштени до есен. […] Повторно изгледа дека овој неопходен финансиски чекор се користи за дополнителна промена на политичките бои на МТВ.“

Индија: Влијанието на перењето пари во швајцарските банки

Шарви Мевада зборува на англиски на младинскиот портал Јут ки аваз (Youth Ki Awaaz) за влијанието на перењето црни пари од Индија преку странски банки, особено во Швајцарија.

Украина: Фотографии од пазари „од кои течат лиги“

Проектот Туршија (The Pickle Project) објави „неколку фотографии од кои течат лиги од два пазари во Киев“ како и фотографии од пазар до автопат во регионот Донецк.

Куба: Примирје на Твитер

„Разговорот започна студено, со намуртени погледи и логична сомничавост меѓу луѓе кои живеат во земја каде дебатирање за спротивставени мислења е ретка појава“ – Иван Гарсија блогира за ТвитХаб, „првата средба помеѓу официјалните партиски твитерџии и алтернативците на која… обете групи можеле да се видат лице в лице и да разменат поздрави.”

Кариби: Имигрантите од регионот во Канада

Карипската камера известува на англиски за 245.000 карипски имигранти во Канада, каде најголемите популации биле од Јамајка, па од Хаити и потоа од Тринидад и Тобаго.

Украина, Белорусија: Споменици за жртвите на Холокаустот

Помнењето во војна (Memory At War) објави англиски превод на текстот од Андриј Портнов за пост-советските споменици на жртвите на холокаустот, оригинално напишан на руски.

Малдиви: Работилници за граѓанско новинарство

Проектот Малдиви (The Maldives Project) се состоел од серија работилници за граѓанско новинарство на три острови од Малдивите во периодот помеѓу 15 јуни и 10 август 2010. Повеќе информации се достапни на нивниот блог (на англиски).

Македонија: Најава за Прва женска хакерска вечер

Јованка Гулицоска информираше на нејзиниот блог за претстојната Прва хакерска вечер за жени, закажана за среда, 13 јули, во хаклабот КИКА во Скопје (настан на Фејсбук). Според официјалната најава, добредојдена е секоја девојка која е заинтересирана за: „слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн.“

Кина: Копија на Кунг фу Панда

Фан Хуанг од Шангаиист ја претставува кинеската  копија на Кунг фу Панда: Легендата за Зајакот, копродукција на Северната филмска група од Тианџин  и Пекиншката академија за филм.

Јамајка: Моќта на социјалните медиуми

Литературниот блогер од дијаспората Џофри Филп (на англиски) „изутринава кога се разбудил го сфатил вистинското значење на социјалните медиуми“.

Белорусија: Виновни заради роднински врски

Корисникот на Лајв џрнал (LJ) будимир тврди (на руски) дека Михаил Мјасникович, премиерот на Белорусија, на средба со раководители на компании објавил дека сите учесници на протестите против режимот на Лукашенко и членовите на нивните семејства ќе бидат отпуштени од работа – мерка која блогерот „ја поддржува“.