Проектот Лингва на Глобал војсис ги шири приказните на Глобал војсис со помош на преведувачи-доброволци. Тој ја отвора комуникацијата со блогери и читатели на Глобал војсис кои не зборуваат англиски преку преведување содржини на повеќе од 35 јазици.
Добредојдени се и доброволци кои можат да преведуваат од некој од нашите јазици на македонски.
Нашата заедница брои 500 преведувачи-доброволци низ целиот свет. Сѐ што треба да направите за да станете дел од нашиот тим е да го пополните формуларот.
