Лингва е проектот преку кој сториите на „Глобал војсис“, со помошта на стотици доброволци кои ги преведуваат на десетици јазици, стигаат до поширока публика. Менаџерот на Лингва е Мохамед Елгохари. Следете нѐ на Фејсбук, Твитер и Гугл+ и не заборавајте да се претплатите на нашиот билтен!
Искористете го овој формулар за аплицирање за да нѐ контактирате и да се вклучите. Имате прашања? Проверете ги често поставуваните прашања за доброволците на Лингва кои се наоѓаат подолу.
Накратко за настанокот
Инспирирани од работилницата за „Глобал војсис“ и јазиците на самитот на „Глобал војсис“ од 2006 година во Делхи, Индија, група франкофони блогери им пристапија на основачите Итан Зукерман и Ребека Меккинон и соработникот од Тајван, Портној, со идеја за започнување франкофонска страница на „Глобал војсис“ (ГВ) слична на пионерската страница на „Глобал војсис“ на кинески водена од Портној. Другите јазични заедници го изразија својот интерес и така се роди Лингва.
Вклучете се
Јазиците ја отсликуваат движечката сила на нивната заедница говорители. Преведувачите-доброволци на Лингва добиваат највисоки заслуги за нивната работа и може да добијат вредна изложеност или да ги изградат своите портфолија како преведувачи. Најчесто, преведувачите на Лингва помагаат да се спојат световите и гласовите да стигнат што подалеку. Придружете ни се со тоа што ќе го пополните формуларот за аплицирање. За да додадеме нови јазици, пратете ни барање!
Често поставувани прашања
- Што е „Глобал војсис“ а што е Лингва?
- Зошто да бидам преведувач-доброволец?
- Би сакал/а да станам преведувач/ка-доброволец, што треба да направам?
- Не сум професионален преведувач. Може да аплицирам да волонтирам?
- Што се случува откако ќе аплицирам да станам преведувач-доброволец?
- Може да избирам кои написи сакам да ги преведам?
- Каде може да побарам помош доколку имам прашања од техничка или преведувачка природа?
- Што се случува ако направам грешка во мојот превод?
- Дали има минимални барања за да се биде доброволец? И дали има рокови?
- Дали нудите надомест за преводите?
- Зошто да преведуваме самите кога може да се користи Гугл транслејт?
- Јас сум студент по преведување. Дали нудите пракси?
- Значи соработниците/преведувачите на „Глобал војсис“ никогаш не се среќаваат лично? Како работите одделено?
- Дали барате преведувачи само од англиски јазик?
- Дали барате од доброволците да ја покриваат блогосферата и на други јазици?
- Дали има други начини за да се вклучам?
Не го гледате Вашето прашање? Ве молиме контактирајте нѐ!
Што е „Глобал војсис“ а што е Лингва?
„Глобал војсис“ е безгранична, главно волонтерска заедница составена од автори, аналитичари, експерти за онлајн медиуми и преведувачи. „Глобал војсис“ ја води конверзацијата за известување од страна на граѓанските медиуми уште од 2005; уредува, верифицира и преведува тековни вести и стории што можеби ги испуштате на Интернет, од блогови, независни медиуми и друштвени медиуми во 167 земји. Ние сме заедница од полиглоти кои соработуваат на повеќе проекти како што се Рајзинг војсис, Адвокс, Блогот на заедницата и Лингва.
Овие стории се прецизно пренесени на „Глобал војсис“ а потоа и преведени на десетици јазици. Најзастапени јазици се кинескиот, шпанскиот и арапскиот, но тука се и малгашкиот, каталонскиот и ајмарскиот. „Глобал војсис“ на овие јазици, кои се резултат на работата на стотици преведувачи-доброволци, е она што ја прави Лингва тоа што е.
Зошто да бидам преведувач-доброволец?
Погледнете каков одговор доби ова прашање од некои од преведувачите на „Глобал војсис“!
“I’m a volunteer translator because I think it’s very important to convey people’s voices in a way and a language each one can understand.”, says Gabriela Garcia Calderon Orbe who joined Global Voices in Spanish in November 2007 and has since translated over 2,680 posts.
„Јас сум преведувач-доброволец затоа што мислам дека е важно да се пренесат гласовите на луѓето на начин и јазик што сите го разбираат.“, вели Габриела Гарсија Калдерон Орбе која е приклучи на шпанската верзија на „Глобал војсис“ во ноември 2007 и оттогаш има преведено преку 2680 написи.
“Because I will get to know social media like I have never known it before and also get to meet, through translating Global Voices articles, wonderful people from all over the world, who are as crazy as I am for changes and who are striving for it digitally,” says Thalia Rahme, from Beirut, a volunteer of Global Voices in Arabic and French.
„Бидејќи ќе можам да ги запознаам друштвените медиуми како никогаш претходно и со тоа што преведувам написи на „Глобал војсис“ можам да запознаам прекрасни луѓе од цел свет, кои исто како мене се луди за промени и се стремат кон тоа на дигитален начин“, вели Талија Рахме од Бејрут, доброволец во „Глобал војсис“ на арапски и француски.
“I like the idea of being able to inform others about what's happening in the remotest, often forgotten locales, thus helping weave ties between people living in the four corners of the world”, says Paris based French translator Samantha Deman.
„Ми се допаѓа идејата да можам да ги информирам другите за она што се случува во најоддалечените и често заборавени места и со тоа да помогнам да се исткајат врски меѓу луѓето кои живеат на четирите различни страни на светот“, вели Саманта Деман, преведувачка на француски која живее во Париз.
“Because I learn so much about the world with Global Voices that I want to share this knowledge with those who are not fortunate enough to read it in English,” says Paula Góes, a Brazilian translator based in London who joined Global Voices in Portuguese team in 2007.
„Бидејќи учам многу за светот со „Глобал војсис“ и сакам да го споделам тоа знаење со оние кои ја немаат среќата да читаат на англиски“, вели Паула Гоес, преведувачка од Бразил која живее во Лондон а се придружи на португалскиот тим на „Глобал војсис“ во 2007.
“Because it's a truly multicultural experience. Inspiring people write news stories from all around the world – I want to help to make their voice sound loud!” says Kasia Odrozek, a Polish translator based in Berlin who joined Global Voices in Polish team in 2011.
„Затоа што е навистина едно мултикултурно искуство. Луѓе што инспирираат пишуваат стории од целиот свет – и сакам да помогнам нивниот глас да се чуе надалеку!“, вели Касија Одрожек, преведувачка од Полска која живее во Берлин а се придружи на полскиот тим на „Глобал војсис“ во 2011.
“Because you can help the message reach the people”, says Aygun Janmammadova, a translator from Global Voices in Russian.
„Затоа што можеш да помогнеш пораката да стигне до луѓето“, вели Ајгун Јанмамадова, преведувачка за „Глобал војсис“ на руски.
“Because I want local voices to be heard globally,” says Maria Waldvogel, who joined the Global Voices in German team in February 2011.
„Бидејќи сакам локалните гласови да бидат чуени глобално“, вели Марија Валдфогел, која се придружи на тимот на „Глобал војсис“ на германски во февруари 2011.
“Volunteering translation for the GV feels like willingly opening new windows to the world and its million realities.”, says Anna Kokkinidou, a translator for Global Voices in Greek.
„Волонтирањето за ГВ е како волево отворање нови прозорци кон светот и неговите милиони реалности.“, вели Ана Кокиниду, преведувачка за „Глобал војсис“ на грчки.
Покрај тоа што се вклучени во доброволна работа која исполнува, преведувачите на Лингва добиваат највисоки заслуги за нивната работа и може да добијат вредна изложеност за да ги изградат своите портфолија како преведувачи. Ќе бидете член на нашата меѓународна заедница и ќе може да запознаете луѓе од цел свет кои ги делат истите интереси. Но, најважно од сѐ: ќе Ви биде забавно!
Би сакал да станам преведувач-доброволец, што треба да направам?
Ќе бидеме особено среќни да Ви посакаме добредојде во нашиот тим! Сѐ што треба да направите за почеток е да го пополните формуларот за аплицирање за да ни дадете основни информации за Вас. Со нетрпение ја очекуваме Вашата порака!
Не сум професионален преведувач. Може да аплицирам да волонтирам?
Да, секако! Не се потребни формални квалификации за преведување или минимално искуство за да може да аплицирате.
Што се случува откако ќе аплицирам да станам преведувач-доброволец?
Менаџерот на Лингва или Менаџерот за преведување за јазикот-цел кој сте го одбрале ќе Ве контактира набргу потоа. Ве молиме за разбирање доколку не одговориме веднаш бидејќи нашите Менаџери за преведување се исто така доброволци.
Може да избирам кои написи сакам да ги преведам?
Да! Преведувачите може слободно да одберат написи од „Глобал војсис“ на англиски, Адвокс, Рајзинг војсис или Блогот на заедницата кои би сакале да ги преведат, а со тоа може дури и да специјализирате во област или земја по Ваш избор! Може и да го контактирате Вашиот Менаџер за преведување доколку сакате предлози!
Каде може да побарам помош доколку имам прашања од техничка или преведувачка природа?
Секогаш може да го прашате Вашиот Менаџер за преведување, колега од нашата мејлинг листа или Менаџерот на Лингва. Ако имате прашање од техничка природа за тоа како се користи нашиот систем за уредување содржини, Вордпрес, може да го консултирате нашиот Водич за преведувачи. Искористете ја можноста и да ги разгледате другите водичи на Лингва.
Што се случува ако направам грешка во мојот превод?
Без гајле! Уредниците ги проверуваат преводите пред да ги објават.
Дали има минимални барања за да се биде доброволец? И дали има рокови?
Треба преведете барем еден напис месечно. Може да се договара околу роковите во зависност од временската сензитивност на написот, колку е таа поголема толку подобро. Во сите случаи комуницирајте со Вашиот Менаџер за преведување и известете го ако не можете да завршите нешто навреме.
Дали нудите надомест за преводите?
За жал не. „Глобал војсис“ е проект со волонтери зад себе, а сајтовите на Лингва постојат благодарение на широкоградоста на стотиците доброволци кои одвојуваат од своето слободно време да преведуваат и со тоа да градат мостови преку јазиците и културите. Имајќи го тоа предвид, нашите преведувачи се чувствуваат наградени на многу други начини а многумина од нив го имаат тоа задоволство кое не се купува со пари: се чувствуваат дека позитивно придонесуваат кон светот. Преведувачите, исто така, учат многу за време на работата и многу доброволци го прошируваат знаењето до луѓето во нивните земји.
Зошто да преведуваме самите кога може да се користи Гугл транслејт?
Машините за преведување даваат преглед за тоа што е веб-страница. Сепак, тие не се препорачлива алатка за оние кои сакаат да го продлабочат своето разбирање за светот, да научат за убавината на другите култури и би сакале да ги разберат нијансите на различните јазици. Во овој контекст треба да напоменеме дека овие алатки за преведување не се достапни за некои јазици како на пример бангладешки или ајмарски. Сакаме на нашите читатели да им понудиме преводи направени од љубов!
Јас сум студент по преведување. Дали нудите пракси?
Да! Може да отстапиме место во нашиот тим како преведувач, лектор или друго! Сепак, имајте на ум дека ние немаме физичка канцеларија, целата работа се врши од дома/кафуле/библиотека. Ако праксата може да се заврши на таков начин кажете ни што Ви треба од „Глобал војсис“ а ние максимално ќе се потрудиме да Ви излеземе во пресрет. Како и да е, секогаш може да се приклучите на „Глобал војсис“ како доброволец!
Значи соработниците/преведувачите на „Глобал војсис“ никогаш не се среќаваат лично? Како работите одделено?
Нашите доброволци се насекаде низ светот и тоа е еден од најубавите аспекти на проектот. Комуницираме преку мејлинг листи или е-пораки. Споделуваме содржини преку друштвените мрежи и имаме онлајн повици – секој тим има свој начин на работење заедно. Сепак се среќаваме секогаш кога има можност за тоа. Може да има локални средби со доброволците кои живеат на исто место или специјални средби кога двајца или повеќе доброволци се на едно место (а тоа не е нивното место на живеење). Така што ако патувате низ светот, многу е веројатно да наидете на доброволец за ГВ каде и да одите.
Покрај таквите средби, секоја година отприлика „Глобал војсис“ го организира Самитот за граѓански медиуми некаде во светот и гледаме да ја искористиме можноста да донесеме што е можно повеќе доброволци на едно место! На пример, погледнете некои фотографии од годината кога се собравме на Филипините!
Дали барате преведувачи само од англиски јазик?
Нашата врата е отворена за преведувачи кои може да преведуваат на англиски, врз основа на достапноста на содржини напишани на други јазици освен англиски. Ве молиме аплицирајте и ние ќе Ви одговориме кога ќе има такви содржини!
Дали барате од доброволците да ја покриваат блогосферата и на други јазици?
Добредојдени се и доброволци кои би сакале да им помогнат на нашите уредници при покривањето јазик или регион. Дали блогирате од или за регион или земја занемарена од традиционалните медиуми? Дали ја следите „конверзацијата“ на Интернет во Вашата или некоја друга земја која добро ја познавате? Ако сакате да ни помогнете да ја подобриме нашата покриеност, тогаш проверете ја страницата со апликација за автор за повеќе детали околу начинот на пишување написи кои ја сумираат активноста на корисниците на Интернет (нетизени) и кој да контактирате. И да, може да се приклучите на „Глобал војсис“ и како автор-доброволец и како преведувач-доброволец.
Дали има други начини за да се вклучам?
Да, постојат повеќе начини да се вклучите! Станувањето дел од заедницата на „Глобал војсис“ како читател или соработник може да биде мошне пријатно искуство. Еве неколку начини на кои можете да дадете поддршка на „Глобал војсис“:
- Бидете дел од нашата проширена заедница: може да нѐ следите на Твитер или да се поврзете со нас на Фејсбук.
- Споделете ги нашите содржини: кога Ви се допаѓа некој напис Ве молиме препорачајте го на Вашите пријатели со тоа што ќе го споделите. Може и да го реобјавите: нашите содржини се достапни под лиценцата Криејтив комонс што значи дека треба само да ставите линк до нас.
- Заследете го и вметнете го нашиот РСС во врска со теми или земји од Ваш интерес (како „човекови права“ или „Среден Исток и Северна Африка“) директно на Вашата веб-локација.
- Пишувајте за нас: помогнете ни да ја постигнеме нашата цел, да стигнеме до повеќе луѓе, со тоа што ќе пишувате за нас! Слободно кажете на другите за нас преку друштвените мрежи и обратете ни се директно вон границите на Интернетот, зошто да не.
- Поканете ги пријателите да волонтираат: ако знаете некој кој би сакал да ни се придружи, тогаш покажете им ја оваа страница!