Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

· јануари, 2014

Написи од Заокружено од јануари, 2014

Зошто продолжуваат силувањата и сексуалното насилство

„Нема да заборавам што се случи на овој ден, пред една година“

Ова видео беше објавено од Video Volunteers на 16 декември, 2013 во спомен на Нирбхаја која загина во 2012 како жртва на Групното силување во Делхи. Овој инцидент беше единствениот кој беше осуден од 706те пријавени случаи на силување во Делхи таа година. Статистиките покажуваат дека во Индија на секои 22 минути една жена е силувана, а стапката на осуди за силување е 25%.   

Ова видео поттикнува интересни дискусии за причините зошто продолжуваат силувањата и сексуалното насилство.

Нов онлајн курс „Социјални медиуми за новинари“

Најт-центарот за новинарство во Америките нуди нов масовен отворен онлајн курс насловен „Социјални медиуми за новинари: Основи (“Social Media for Journalists: The Basics”). Овој бесплатен курс на англиски почнува на 3 февруари и трае до 9 март 2014.

Курсот на студентите ќе им даде преглед на користењето на социјалните медиуми во новинарството и најдобрите практики за пронаоѓање и дистрибуција на вести со овие алатки. Учесниците ќе научат за најдобрите новинарски употреби на професионални профили на Фејсбук и Твитер, каде да најдат извори и идеи за стории за социјалните медиуми, како да ги верификуваат информациите и други етички прашања, како да култивираат публика и бренд, како и како да развијат стратегија за содржини и да го мерат успехот на социјалните медиуми.

Кликнете тука да се регистрирате.

Кинески вирални видеа за сексуално образование

Мал тим на кинеското youku, познато како кинеско Youtube, објави колекција од детски едноминутни видеа за сексуално образованиe. Видеата  на теми како „Зошто се момчињата различни од девојчињата“ и „Од каде доаѓаат бебињата“ се втори на листата најпребарувани видеа на популаниот пребарувач Baidu и имаат повеќе од еден милион прегледи. Повеќе детали на TeaLeafNation. Погледнете едно од видеата: