Српското НВО SHARE Defense (Шер дифенс) објави во јули 2015 „обелоденети“ мејлови и датотеки кои припаѓаат на софтверската компанија базирана во Милано – Hacking Team (HT) објавени на Викиликс, кои откриваат дека најмалку една српска служба за безбедност била во преговори за купување на софтвер за надзор во 2012. Исто така постојат и докази за еден или повеќе имејл адреси на српското Министерство за одбрана се појавуваат како времени корисници на шпионскиот софтвер кој е создаден од италијанската компанија.
Софтверот за кој станува збор е таканаречениот Remote Control System, или RCS, кој во основа работи со таргетирање на ширењето на вируси кон компјутерите и мобилните телефони кои ги користат личностите кои се предмет на надзор. Според извори на SHARE Defense, повеќето од клиентите кои го користат овој софтвер се владите низ целиот свет и нивните безбедносни служби.
Правниот тим на SHARE Defense исто така посочи и кон тоа кои организации би можеле да имаат пристап до софтверот, и финансиски би можеле да си го дозволат истиот:
Фондацијата Share (Сподели) пишуваше за правната рамка за набавување на вакви софтвери во Србија уште во 2013 поради случајот “Trovicor”, стоејќи на тоа дека правилата за употреба на вакви средства со двојна употреба мораат да важат и дека е неопходна дозвола од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации.[…]
Доколку претпоставиме дека некои организации можат да бидат овластени да ја користат оваа опрема, во нашиот правен систем тоа не би било можно без судска одлука согласно законот. Нејзиното користење на било кој друг начин би било очигледно кршење на човековите права кои се гарантирани со Уставот на Република Србија и бројни меѓународни конвенции.