Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Истражување на ХРВ утврдува сериозни закани по слободата на медиумите во земјите од Западен Балкан

По речиси една година истражување во регионот и длабински интервјуа со над 80 новинари, уредници и сопственици на независни медиуми, Human Rights Watch (Хјуман рајтс воч) објави извештај во јули 2015 тврдејќи дека слободата на медиумите во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија е под закана.

Заклучоците во извештајот вклучуваат неказнување и недостиг од реакција од страна на властите за закани, тепања, дури и убиства на новинари и медиумски работници во овие држави, наведувајќи дека политичките вмешувања и финансиските притисоци преку високи казни и нејасни закони често се наметнуваат на независните медиуми во овие држави.

Во неколку случаи новинарите пријавија дека продолжуваат да бидат мета на физичко насилство и после иницијалните напади врз нив, повторно, често без казни за нивните напаѓачи. Новинарите кои пишуваат за воени злосторства или радикални религиозни групи во БиХ, Косово и Србија изјавуваа дека властите го намалуваат значењето на сериозноста на заканите кои тие го добиваат онлајн.[…]

Неефикасноста и големата заостанатост во овие четири правни системи го попречуваат навременото судење на овие правни случаи. Случаите имаат тендеција да се развлекуваат со години, создавајќи средина која може да се искористи како предност од оние кои сакаат да го задушат критичкото известување преку кривични дела на заплашување.

Клучната препорака до властите и владите од Human Rights Watch за четирите држави за кои станува збор по извештајот вклучува јавно и недвосмислено осудување на сите напади на новинари и медиумски куќи и гаранција за брзи и темелни истраги на сите вакви инциденти, како и брзи и непристрасни истраги на сите напади и закани кон новинари и медиуми, вклучувајќи го и сајбер-криминалот. Меѓународното Human Rights Watch исто така препорача Европската Унија, кон која аспирираат сите четири држави, ОБСЕ и Советот на Европа да обратат поголемо внимание и да преземат дополнителни чекори да ги повикаат надлежните власти во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија да реагираат соодветно кон заканите кон медиумите и да обезбедат безбедна средина за работа на новинарите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.