· јули, 2008

Below are posts about citizen media in English. Don't miss Global Voices, where Global Voices posts are translated into English! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за англиски од јули, 2008

Африка: Летен одраз (Размислување на мајка)

На која возраст треба да започнеме да охрабруваме чувствителност кај децата? Изабела беше шокирана, кога еден ден нејзината ќерка се врати од камп и објави дека таа (Изабела) е баба. По се изгледа има нешто што го пропуштив, таа не може да била бремена и да родила додека беше на...

Тунис: Претставување на Дахша

Тунискиот блогер Мохамед Марван Медах ни ја претставува Дахша – онлајн енциклопедија, која како што тој ја опишува е „еден од посериозните обиди за збогатување на арапската содржина на интернет.“ Мохамед објаснува: Многу слично на Википедија, енциклопедијата се потпира на волонтери, кои би ја пишувале и објавувале содржината. На енциклопедијата...

Египет: Уривање на згради

Наслови за уривање на згради и извлекување на тела на деца од урнатините се вообичаени во Египет. Ибн Ал Дуниа, пишувајќи за Фустат, не известува за последната трагедија која одзеде пет невини животи. Блогерот објаснува: Една зграда во градот Мансоура на делтата на реката Нил се сруши вчера вечер. Објавено...

Колумбија: Хуманитарна група протестира за суровоста кон животните во циркусите

АХУРА, хуманитарна организација за спасување на животните, минатиот понеделник мирно протестираше во Букарамнага против мексиканскиот циркус, дел од циркуската компанија Херманос Гаска, кој користи животни за дел од нивните точки. На нивната Фејсбук страница за причина, тие кажуваат за тоа како во Переира, друг град во Колумбија, со протести е...

Белорусија: Експлозија, апсења и блогерска солидарност

Пред една недела, рачно изработена бомба експлодираше во толпа од илјадници луѓе, кои се собраа поради целовечерниот концерт за денот на независноста, во близина на споменикот за Втората светска војна во централен Минск. Експлозијата се случи околу 12:30 на 4 јули; околу 54 луѓе беа повредени; претседателот на Белорусија Александар...

Од сега Глобал војсис и на италијански

  11 јули 2008

Многу од нашите драгите поддржувачи веќе ја слушнаа големата вест, која беше објавена на вториот ден од самитот на граѓански медиуми на Глобал војсис во Будимпешта, Унгарија. Официјално повторно најавивме три Лингва сајтови: хинди, македонски и албански, а го претставивме и комплетно новиот јазик на нашите глобални читатели: „Глобал војсис...

Нема промени за смртната казна на авганистанскиот корисник на интернет

Сајед Парвез Камбакш е студент по новинарство на универзитетот Балк во Мазар – Шариф. Тој наводно копирал текст од иранска веб страница која го критикува ставот на исламот за третманот на жените, и додал свои мисли за тоа – како што еден блогер би го направил истото. За ова, авганистанските...

Палестина: Убиство или терор?

Само Арапите се терористи… е напишано на насловот на блогот Живот од окупираната Палестина. Блогерот посочува кон насловите кои се раширија низ Израел и странските весници откако Хусам Тајсир Двајат, Палестинец кој живее во Ерусалим, возеше булдожер низ полна улица во западен Ерусалим, убивајќи тројца и ранувајќи најмалку 66 други...

Сирија: Полицијата уби 25 лица во масакрот во затворот Седнаја

Сирискиот комитет за човекови права (SHRC) објави дека се случил масакр на 5 јули во воениот затвор Саднаја, западен Дамаск. Најмалку 25 затвореници беа убиени од сириската полиција, според Комитетот кој прими телефонски повици од затворот за време на масакрот. Затворениците започнаа протест во седум часот наутро за да побараат...

Дебата за нуклеарната спогодба помеѓу Индија и САД

Во последниве неколку месеци имаше жестока дебата во Индија за нуклеарната спогодба со САД. Ова е прашање за кое премиерот Манмохан Синг силно лобираше и се обидуваше да добие политичка согласност. Всушност, неколку аналитичари и набљудувачи истакнаа дека г. Синг е подготвен на национално гласање, ако е тоа потребно. Левицата...

За нашето покривање на англиски

en