Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Уривање на згради

Наслови за уривање на згради и извлекување на тела на деца од урнатините се вообичаени во Египет. Ибн Ал Дуниа, пишувајќи за Фустат, не известува за последната трагедија која одзеде пет невини животи.

Блогерот објаснува:

Една зграда во градот Мансоура на делтата на реката Нил се сруши вчера вечер. Објавено е дека се мртви петмина, и уште пет други се повредени според официјалната египетска новинска агенција Мена. […] Тоа беше стара трикатна зграда.

Зошто се случува ова? Ибн Ал Дуниа смета дека е од следнава причина:

Уривањето на згради се случува пречесто во Египет. Многу од случаите се со екстра катови или додадени се два ката без одобрение на властите, и сето ова се случува понекогаш со години пред да биде откриено, или во случаи како овој, завршуваат со фатален исход.

И какви превентивни мерки се превземаат за да се спречат вакви трагедии? Ибн Ал Дуниа вели:

Во 1966 беше донесен нов закон за овој проблем, но многу малку, ако не и ништо е променето. Последен случај од оваа трагична сага, пред вчерашната епизода беше во Александрија во декември 2007, кога 35 луѓе ги загубија животите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.