· март, 2010

Below are posts about citizen media in English. Don't miss Global Voices, where Global Voices posts are translated into English! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за англиски од март, 2010

Мали: Културното и економско значење на текстилната индустрија

Благодарение на видеата можеме да ја запознаеме и да ја цениме културната вредност на занаетот на боење ткаенини во Мали и силниот економски импулс кој овој сектор го обезбедува на многу луѓе и организации во оваа земја.Женските здруженија,уметниците и туризмот ги користат потенцијалите на оваа традиција.

31 март 2010

Виртуелен хор: Технологија, соработка и музика

Композиторот Ерик Витејкр, откако на YouTube виде едно видео на еден млад сопран кој ја пееше својата песна „Sleep”, почна да се запрашува: што ако би можел да најде луѓе,...

31 март 2010

Малезија: Која е вистината за палмовото масло?

Во текот на последните неколку години палмовото масло стана цел на критикување од страна на еколозите и зелените активисти. Впрочем, дури годинава, Нестле, Маркс и Спенсерс и Џенерал Милс реагираа...

30 март 2010

Русија: Блогери откриваат техники за лажирање при гласање

Рунет Ехо

На 14-ти март, во 76 региони во Русија, граѓаните отидоа на гласачките места за да гласаат за градоначалници и законодавни претставници на локалните избори. Владејачката партија „Обединета Русија“, на овие...

30 март 2010

Кина: Преиспитување на политиката за едно дете

Стареењето на општеството и исцрпувањето на демографскиот удел беа дискутирани за време на Националниот народен конгрес и Политичката консултативна конференција на кинескиот народ,каде,исто така,беше побарано да се преиспита политиката за едно дете.

29 март 2010

Бугарија: Дебата за исламот

На 26 февруари, околу 40 луѓе присуствуваа на дебатата со наслов "Исламот како закана - повторно во мода?",која се одржа во Центарот за култура и дебата "Red House" во главниот град на Бугарија, Софија.Руслан Трад преведе дел од натписите на блогот за прашањата за кои се дискутираше.

28 март 2010

Казахстан: Поплава уби 47 луѓе и остави илјадници бездомници

Илјадници луѓе се раселени од загрозените области по рушењето на две брани во Казахстан во четвртокот и петокот.Трагедијата се случи во областа на Аксуиску,северно од Алмати,главниот трговски град на земјата.

22 март 2010

Кина: Првата кинеска новела на Twitter?

Лиан Јуе, поранешен наставник и деловен управител, а денешен популарен блогер и политички коментатор во Кина, на својот блог најави дека овој месец започнува со пишување на новела наречена 2020, која ќе биде објавена на Twitter. Според неговиот блог, содржината на новелата ќе трае се до 2020та година.

20 март 2010

Велика Британија: Борба против имиграциските казнени центри за деца

Кон крајот на минатата година,група британски граѓани лансираше едноставна кампања со цел ставање крај на затворање на новороденчињата и на децата од страна на властите одговорни за контрола на имиграцијата.Сега тие ги раскажуваат приказните на две од многуте притворени дечиња.

19 март 2010

За нашето покривање на англиски

en