Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: Хуманитарна група протестира за суровоста кон животните во циркусите

Слон

АХУРА, хуманитарна организација за спасување на животните, минатиот понеделник мирно протестираше во Букарамнага против мексиканскиот циркус, дел од циркуската компанија Херманос Гаска, кој користи животни за дел од нивните точки. На нивната Фејсбук страница за причина, тие кажуваат за тоа како во Переира, друг град во Колумбија, со протести е постигнато ослободување на мало слонче, кое сега ќе биде слободно од суровост и ќе остане во зоолошка градина. Видеа на кои се гледа суровост кон животните во циркусите од регионот се раширија низ интернет, предизвикувајќи протести и збунетост за што навистина се случува во циркусите кои ја посетуваат Колумбија. Фотографијата е од блогот на Ивон Гарзон, кој пишуваше за протестите кои биле одржани минатиот Април.

Следи, видео од 5 дела од мирните протести, а во третиот дел може да се видат млади луѓе како стојат пред циркусите и извикуваат „животните немаат избор, ние ги донесуваме одлуките за нив“. Кратките видеа може да се најдат на ЈуТјуб, поставено од организацијата АХУРА. Дел 1, дел 2, дел 3, дел 4, дел 5.

Следново видео со слаб квалитет поставено од ЈуТјуб корисникот наниспер ги покажува протестантите кај циркусот Херманос Гаска во Переира и опфаќа малку од звукот на амбиентот и циркуските животни кога некој доаѓа до камерата на жената и ѝ се заканува дека ќе ја претепа доколку продолжи да снима, постојано заканувајќи и се дека ќе ја удри по лицето.

Друга група од Колумбија се обиде да сними видео преку оградата на циркусот, покажувајќи ги условите во кои беа тигрите и другите животни, но вработените во циркусот ја покрија оградата и кафезите со алишта, па затоа не можеше да се сними видеото, како што се покажува тука:

Овој протест против животните во циркусите не е новост и ова не е првпат циркусот Херманос Гаска да е во центарот на вниманието за суровост кон животните. Пред некое време, видео со слика од таен агент како ја опишува суровоста кон животните во циркусите се појави во колумбиската блогосфера, обвинувајќи го циркусот Херманос Гаска за суровост кон животните. Шокирачки слики од каменува мајмуни, слон кој е удиран по глава додека го бањаат, мртва жирафа која се распарчува за нејзиното отстранување од просториите да не се забележи, лавови во бетон и метални кафези додека вее и поларна мечка во камион со вентилатор како единствено нешто што ја лади, ги натераа луѓето да протестираат. Меѓутоа, ова излезе дека е грешка од страна на ТВ станица, која се извини на програма, како што е покажано на ЈуТјуб видеото [es]. Мрежата примила снимки под претпоставка дека се најважни вести од прекуокеанска хуманитарна организација, која тврдела дека го снимила циркусот Херманос Гаска и тоа направила забелешки со интервјуа од ова, без да забележат дека истите снимки веќе ги има на интернет и дека е преглед на сите можни злоупотребувања во циркусите, не посебно за Германос Гаска. Бидејќи оваа програма беше снимена од ТВ, уредувана и поставена од некој друг, се создаваше слика дека циркусот Херманос Гаска е одговорен за се. Меѓутоа, циркусот призна дека снимката од слонот како е тепан е снимена во нивниот циркус и дека тренерот е отпуштен.

На веб сајтот на Интернационалите бранители на животните има комплетен извештај за суровоста кон животните, кој тие го имаат снимено во Колумбија [en], од двата циркуса Херманос Гаска и Африка Бест, преку скриени камери во нивните студии од 2006 и 2007, а нивниот извештај, достапен за преземање во PDF формат на англиски и шпански, ја раскажува приказната позади снимките прикажани на ова видео, како и злоупотребувањата во другите земји од Централна Америка, како Еквадор, Перу, Боливија и Чиле.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.