Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Нема промени за смртната казна на авганистанскиот корисник на интернет

Сајед Парвез КамбакшСајед Парвез Камбакш е студент по новинарство на универзитетот Балк во Мазар – Шариф. Тој наводно копирал текст од иранска веб страница која го критикува ставот на исламот за третманот на жените, и додал свои мисли за тоа – како што еден блогер би го направил истото. За ова, авганистанските разузнавачки служби го испитуваа, и по неговото апсење, судот во провинцијата Балк го осуди за ерес и му донесе пресуда смртна казна.

Во неговото последно сослушување, според Жан Мекензи од IWPR, Камбакш беше искаран од неговиот судија:

Судијата Абдул Салам Џазизада кој претседаваше стави во незгодно неколку авганистански администрации. Тој е остаток од талибанскиот режим и неговиот антагонизам кон обвинетиот беше очигледен…

За време на судењето, Џазизада ја преведе улогата на јавен обвинител, а не на непристрасен судија, влегувајќи во легален дуел со адвокатот од одбраната Мохамед Афзал Нуристани. Немајќи дрвен чекан, тој постојано удираше со своето пенкало во микрофонот со цел да запре Нуристани да го брани својот клиент.

Без престанување судијата го напаѓаше Камбакш, кој седеше блед но смирен во столот за обвинети.

“Само кажи ми зошто ги направи овие работи,” инсистираше Џазизада. “Кои беа твоите мотиви?”

“Не можам да кажам причини, затоа што јас не направив ништо,” одговори Камбакш.

Како што се тврди, Камбакш бил тепан пред неговото прво затворање минатиот декември, но според времето поминато пред да му се закаже преглед, најголем дел од неговите физички белези биле заздравени. Иако ја призна вината, тој изјави дека го направил тоа под принуда.

Камбакш исто така е обвинет дека има проблеми во моралното однесување, како поставување премногу прашања на час, привлекување на внимание и популарност, за нељубезност, и препраќање на непристојни шеги преку неговиот мобилен телефон.

Камбакш се соочува со многу тешкотии: неговите адвокати од одбраната го немаа проучено неговото досие дури една недела пред првото сослушување, и Сенатот ја искажа својата поддршка за негова егзекуција, заедно со некои конзервативни свештеници и некои племенски старешини.

Во 2006, Абдул Раман беше осуден на смрт затоа што ја сменил верата, се похристијанил. Животот му беше поштеден кога, под силен меѓународен притисок, тој беше прогласен за ментално болен и депортиран во Италија. Сличен меѓународен притисок не е очигледен во случајот на Камбакш: приказната за неговиот случај во меѓународните медиуми се нема појавено со месеци, и покрај загрижувачките индикации дека ова е случај на одмазда за работата на неговиот брат за IWPR.

Погледнете срцекршечки слики од авганистански полицаец како го придружува Сајед Парвез Камбакш по судското сослушување во Кабул на 18ти мај 2008, на страницата на ДејлиЛајф.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.