Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Африка: Летен одраз (Размислување на мајка)

На која возраст треба да започнеме да охрабруваме чувствителност кај децата? Изабела беше шокирана, кога еден ден нејзината ќерка се врати од камп и објави дека таа (Изабела) е баба.

По се изгледа има нешто што го пропуштив, таа не може да била бремена и да родила додека беше на камп!! Не можев да претпоставам како.

Не требаше долго за Изабела да дознае како станала баба: нејзината ќерка заедно со пријател посвоија дете. „Неговото име е Мигел, од Демократска република и сигурна сум дека мора да е Конго.“ Таа одлучи да ја поддржи својата ќерка. „Јас бев 6 години постара од неа кога ги имав истите соништа и не постоеше некој кој би ме поддржал,“ вели таа.

Аше.Селах размислува да разговара со своите деца за секс и искрено го пренесува своето искуство:

Избегнавме да ја кажеме вистината за некој друг ден. А мора да ја кажеме, особено со сите наши разговори за искреноста и како Мама и Тато не се совршени. Но оваа сцена ми го врати сеќавањето за тие денови. Надвор од домот на мајка ми и сама на колеџ. Леле, колку бев луда. Изгледа не знаев да го спелувам зборот апстиненција. Беше како да местам букви на скрембл (scramble board) – буквата „и“ недостасуваше. Мојот пристап кон сексуалноста беше опасен и нездрав – за мојата психичка и емоционална состојба.

Како за крај, со големо задоволство, ви најавувам: Девојката со афро! има уште едно девојче (со афро?). И како што таа предупредува, можеби ќе помине време пред да видиме некој пост од неа…

По се изгледа нема да имам време да блогирам, но повеќе сакам само да седам и гледам во мојата ќерка, да го вовлекувам нејзиниот божествен бебешки мирис и само да се восхитувам на добрината на Господ што се создадел на овој начин :).

Нека Господ ги благослови нашите мајки – нивните раце ја држат идната генерација; нивните зборови ја советува; нивните очи ја надгледува; нивните молитви ја чуваат; нивниот Господ ја заштитува.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.