Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тунис: Претставување на Дахша

Тунискиот блогер Мохамед Марван Медах ни ја претставува Дахша – онлајн енциклопедија, која како што тој ја опишува е „еден од посериозните обиди за збогатување на арапската содржина на интернет.“

Мохамед објаснува:

Многу слично на Википедија, енциклопедијата се потпира на волонтери, кои би ја пишувале и објавувале содржината.

На енциклопедијата волонтерите може да објавуваат книги, извештаи, написи, па дури и видео, аудио и корисни програми.

Дахша

За проектот започнат од јорданската софтверска и веб компанија Јордан Тек, на Стартап Арабија, Медах додава:

Иако обично ги охрабрувам арапските корисници да се обидат и да се фокусираат на збогатување на арапската верзија на глобалната Википедија наместо да создаваат помали регионални и локални верзии, овој проект е сепак многу интересен бидејќи покрива некои од типовите на содржина кои Википедија не ги поддржува.

Зборејќи за лимитациите на проектот, блогерот вели:

Системот не е толку отворен како оној на Википедија, бидејќи корисниците не може да менуваат написи на други корисници; тие може само да одговорат или да коментираат на нив. Ова значи дека администраторите на сајтот мора да бидат повеќе вклучени во прегледувањето на поставената содржина, нејзиниот квалитет и дали нејзиното објавување прекршува некои авторски права.

Краток преглед на сајтот покажува масовна колекција на написи, кои може лесно да се пристапат користејќи ја опцијата на пребарување на почетната страница. Тие вклучуваат:

Број на објавени написи: 32,330
Број на членови: 5,661
Број на категории: 514

Според страницата „За нас“:

Библиотеката на енциклопедијата моментално содржи околу 60,000 книги и колекции. Исто така содржи различни секции, кои содржат илјадници истражувачки трудови, сите правилно категоризирани, правејќи ги лесно пристапни за корисниците, со што им се скратува долго пребарување. Ова е додаток на звучните траки и културните и образовни програми, кои го покажуваат опсегот на различните полиња достапни на сајтот.

На оваа страница наведена е и нејзината мисијата:

Енциклопедијата е само врска и пребарувачка алатка за арапските корисници, со цел да го подобри квалитетот на истражувањата… што на крај ќе ја збогати арапската и исламската култура.

Фотографија од: Стартап Арабија

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.