Од сега Глобал војсис и на италијански

Беџ на Глобал војсис на италијанскиМногу од нашите драгите поддржувачи веќе ја слушнаа големата вест, која беше објавена на вториот ден од самитот на граѓански медиуми на Глобал војсис во Будимпешта, Унгарија. Официјално повторно најавивме три Лингва сајтови: хинди, македонски и албански, а го претставивме и комплетно новиот јазик на нашите глобални читатели: „Глобал војсис на италијански“!

За време на самитот на сесијата на Лингва и повеќејазичниот веб, Елеонора Панто го претстави италијанскиот тим и одржа говор кој беше краток поради ограниченоста со време. Затоави ги претставуваме тројцата раководители на Глобал војсис на италијански и им посакуваме добредојде во тимот.

Бернардо Парела, иницијаторот на Глобал војсис на италијански, е слободен новинар, преведувач и активист, кој живее во Соединетите држави, покривајќи ги дигиталните културни прашања (најмногу) за неколку италијански медиуми и е вклучен во различни проекти. Помеѓу неговите многу преводи се и книгите од Туркл, Норман, Лесиг, Стелман и Џенкинс.

Елеонора Панто работи во Торино како раководител на заедница за образование во истражувачка организација, наречена ЦСП, која се занимава со проекти поврзани со ИКТ и образование од 1992. Таа исто така објавува книги и есеи за влијанието на ИКТ на образованието и работната околина. Активно е вклучена во промовирање на слободни ресурси за образованието, таа исто така со ентузијазам ја поддржува иницијативата за Глобал војсис во Италија со цел да се заживее локалниот медиумски систем.

Луси Мари Дорион Менгози е канадски слободен преведувач, која живее во Тоскана каде предава англиски и француски. Таа комплетно ги користи денешните алатки за е-учење со нејзините студенти, тинејџери и возрасни, почнувајќи со стримувани аудио и видео подкасти, до чат и блогови. Таа е силно убедена во интеграцијата на веб-базираниот материјал во образовниот процес, бидејќи нуди пристап до различна содржина, академска и општа, но често помалку менјстрим и неконвенционална.

За време на неодамнешниот Беркам@10 на Харвард, Бернардо имаше прилика да зборува со неколку луѓе за важноста на ширењето на моделот на Глобал војсис за граѓански медиуми и вести, дури и во Италија. Во тој момент Глобал војсис во Лингва имаше преведувачки групи на 14 различни јазици, но не и на италијански. Бернардо го контактираше Порноу и се предложил себеси за координатор на тој проект, дознавајќи дека Луси (веќе вклучена во француската Лингва) исто така бара луѓе за започнување на италијанска Лингва група.

Италијанскиот Лингва тим „неофицијално“ започна од пред месец дена, привлекувајќи го вниманието и интересот на медиумите. Сега имаат околу 12 преведувачи и објавуваат најмалку два поста дневно. Италијанскиот тим има голема амбиција да изгради динамична, мотивирана заедница, а и да створи продуктивна врска со сите вклучени во Лингва и Глобал војсис.

Ајде да и посакаме добредојде на Глобал војсис на италијански и да им речеме „Чао“ на италијанските читатели.

Беџ на ЛингваМоже да прочитате повеќе за моменталните 15 Лингва преведувачки групи тука. Секогаш бараме нови волонтери. Приклучете ни се!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.