Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Белорусија: Експлозија, апсења и блогерска солидарност

Пред една недела, рачно изработена бомба експлодираше во толпа од илјадници луѓе, кои се собраа поради целовечерниот концерт за денот на независноста, во близина на споменикот за Втората светска војна во централен Минск. Експлозијата се случи околу 12:30 на 4 јули; околу 54 луѓе беа повредени; претседателот на Белорусија Александар Лукашенко беше во близина кога бомбата експлодира, но не беше повреден.

По бомбата, полицијата испрашуваше неколку белоруски опозициски членови и активисти за човекови права и ги претресоа нивните домови и канцеларии. На 9 јули, четири луѓе беа задржани: Сергеј Числов, Игор Корсак, Виктор Лешчински и Мирослав Лозовски, сите членови на Белата легија, подмладокот на белоруската унија на воените лица, забранета во 1996.

Андреј Храпавитски од неодамна повторно започнатиот Белоруски Амерички блог напиша [eng] за експлозијата и за подоцнежните апсења – како и за реакцијата на белоруските блогери:

[…] Не верувам дека има блогер во Белорусија кој не ја коментираше експлозијата. Луѓето се прашуваат што се случи и кои последици ќе ги има. Има многу различни верзии, но нема логика да ги сумирам тука. Едно е сигурно. Ова е првиот поголем терористички напад во Белорусија. Дури и ако режимот не е вклучен (и најверојатно не е, според значајни аналитичари, како Силитски и Федута), има многу добар изговор да се користи оваа бомба за заплашување на опозицијата. Експлозијата е особено значајна за ова прашање, бидејќи се случи само неколку дена по започнувањето на изборната кампања во Белорусија.

ЛЈ корисникот кабиерац на својот блог објави поема од Мартин Нимелер, „Прво тие дојдоа…“, и ги повика белоруските блогери да го користат амблемот на Белата легија за нивните кориснички фотографии, за да искажат солидарност со четирите индивидуалци кои беа задржани поради експлозијата на 4 јули. Неговиот пост [bel, rus] се искачи меѓу најдобрите 30 на блог-порталот Јандекс.

Амблем на Белата легија

Многу белоруски блогери ја поддржаа оваа иницијатива. ЛЈ корисникот коипиш е еден од нив; според некои извештаи [bel], тој исто така бил задржан од полицијата. Тој го напиша ова [bel, rus]:

Ова што го гледате на мојата корисничка фотографија е амблемот од она што порано беше Бела легија, чии членови сега се обвинети за неодамнешната експлозија. Се вклучив во иницијативата за да ги поддржам со тоа што барем ќе ја променам мојата фотографија. Навистина сочувствувам со сите жртви од терористичкиот напад, но, за жал, вистинските виновници најверојатно никогаш нема да бидат обвинети :((

ЛЈ корисникот з_хунтер одлучи да користи алтернативна фотографија – со истиот симбол, но друга боја:

Изменет беџ на Белата легија

Еве зошто (дискусија во делот за коментари на постот на корисникот коипиш) :

з_хунтер:

Добар амблем, но боите се лоши. Не се нашите бои – црна и црвена. Повеќе ми се допаѓа бело-црвено-бело варијантата.

костас14:

Традиционално за белоруската култура и уметност […]

z_hunter:

Точно. Но црвеното знаме исто така асоцира на некои не толку добри периоди во историјата на СССР и Германија. И сето ова има многу деструктивен и тажен ефект на нашата Белорусија.

За реакцијата на релативно неполитичките граѓани на Минск, блогот Картина Мира („Слика од светот“), воден од руски граѓанин кој живее во Белорусија, ја има оваа скица [rus], во која е вклучена конверзација водена во еден од градските салони за убавина:

[…]

- Ох, дали слушнавте за експлозијата? Вистински терористички напад…

- Да. Чеченија е таму некаде, а ние сме тука. Тотално излегуваат од контрола.

Тоа е, овие настани се толку несвојствени за Белорусија што обичните луѓе може да смислат само една директна поврзаност со експлозијата: „терористички напад – Чеченија“ .

Реалноста на земјата во која живеам. Тивко, мирно, добро, стабилно. Понекогаш дури и досадно. Но, многу е подобро од соседството.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.