Во последниве неколку месеци имаше жестока дебата во Индија за нуклеарната спогодба со САД. Ова е прашање за кое премиерот Манмохан Синг силно лобираше и се обидуваше да добие политичка согласност. Всушност, неколку аналитичари и набљудувачи истакнаа дека г. Синг е подготвен на национално гласање, ако е тоа потребно.
Левицата водена од Комрад Пракаш Карат, која е важен коалициски партнер на моменталната влада, не се согласува на нуклеарната соработка со САД. Индискиот политички блог пишува:
И тогаш, одеднаш, како џокер во покер одеднаш произлегува, конгресот и премиерот дека ја надмудриле левицата.
…
Каде ја остава ова левицата? Има вкупно 59 пратеници, но Керала е познат по тоа дека брзо го менува својот политички став, а левицата преживеа неколку големи промени во западен Бенгал на локалните избори, што осигурува дека наредните предвремените избори може да донесат многу помалку пратеници за левицата. Дури сега може да изгледа како тие повеќе да не се релевантни.
Минатата недела владата успеа да ги собере потребните гласови и поддршка, покрај противењето на левицата.
Тачбејс има краток и јасен пост во кој ја разјаснува дебатата за нуклеарниот договор помеѓу Индија и САД, започнувајќи од договорот 123 до противењето на индиската левица за договорот. Тој пишува:
Значи договорот содржи многу дупки кога станува збор за национална безбедност. Но, во исто време и помага на Индија да ја задоволи својата потреба за енергија. Затоа ова ќе бидат тешки времиња за оваа малцинска влада да донесе одлука за договорот.
Професорот Т. Т. Рам Мохан од Голема слика пишува дека нуклеарната спогодба помеѓу Индија и САД е доведена до тест на патриотизам. Тој потоа прикажува две спротивставени гледишта за нуклеарниот договор и дава заклучок:
Челанеј е во право. Овој договор е стратешка алијанса со САД за да се спречи растењето на Кина, само што е презентирано како енергетски предлог за политички и дипломатски причини. Вистинската вредност на стратегиската алијанса лежи во трансферот на цел ранг на напредни технологии – овие технологии не може да бидат пренесени доколку статусот на Индија како нуклеарна сила не се промени.
Има уште неколку чекори пред овој договор да се одобри од конгресот на САД. Овие чекори вклучуваат одобрување од Интернационалната агенција за атомска енергија и Групата на нуклеарни снабдувачи.