· јули, 2010

Below are posts about citizen media in English. Don't miss Global Voices, where Global Voices posts are translated into English! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за англиски од јули, 2010

Македонија, Белгија: Загрозена демократија

  6 јули 2010

Блогот Македонија во Европска Унија го коментира написот „Загрозена демократија“ од новинарката Тања Милевска која работи во Брисел објавен во белгискиот (на француски) и македонскиот печат. Во написот таа се залага ЕУ да преземе активни чекори на почетокот на Белгиското претседателство, првенствено обезбедување на датум за почеток на преговорите за...

САД: Враќањето на војниците прикажано на YouTube

После неколку месеци за некои, а за други неколку години борба – ништо друго не може да ја долови подобро човековата емоција како мигот кога војникот се враќа од должност во странство. На YouTube, бројот на видеа со војници кои се враќаат дома во последните неколку години драстично се зголеми....

Македонија: 10 чекори за водење банана држава

Копач, колумнист на независниот портал Окно.мк, објави листа насловена „10 начини како се води банана држава“ која предизвика интерес и позитивни оценки кај делот на македонската јавност што користи социјални медиуми.

Перу: Ученичка ѝ поставува прашања на првата дама на САД во врска со имиграцијата

При неодамнешната посета на едно училиште во Мериленд, на Првата Дама на САД Мишел Обама од страна на една ученичка од перуанско потекло, ѝ беше поставено прашањето, зошто се протеруваат луѓето кои немаат документи за имиграција, со што ја откри вистината за статусот на нејзините родители.

Мексико: Протест воден од картел на дрога го парализира градот Монтереј

Минатата среда, откако беше фатен лидерот на бандата за тргување со дрога Лос Зетас, членови на овој картел ја парализираа метрополитската околина на Монтереј со блокади на 20 различни локации, користејќи ги своите малолетнички регрути кои им се закануваа на возачите на автобуси и граѓаните да ги напуштат своите возила долж...

Индонезија: Кога жените сами си ги контролираат инвестициите

  2 јули 2010

Индонезија покрај тоа што успеа да ја издржи последната економска криза таа сега е дури е и кандидат за  БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина)  нација. Која всушност беше тајната на  најнаселената нација со муслиманско мнозинство во светот? Повеќе од половината Индонезијци (230 милиони) се жени. Поголемиот дел од индонезиските жени...

Навивачите на Светското првенство реагираат на контроверзниот повик на судијата

Светското првенство во фудбал не би било она што е доколку не постои контроверзност во одлуките на судиите. Една таква одлука која досега го одбележа Светското првенство 2010 е онаа на судијата Коман Кулибали (Koman Coulibaly) кој не го призна голот на американскиот играч Еду, со што натпреварот заврши со...

Малезија: Демолиран е историски затвор

  2 јули 2010

И покрај протестите на загрижените граѓани, уметници и историчари, малезиската влада одлучи да го демолира затворот Пуду стар 115 години, историски симбол на Куала Лумпур. Минатата недела, источниот ѕид на затворскиот комплекс Пуду беше уништен со цел да се ослободи простор за проект за проширување на патиштата. Во областа наскоро ќе...

За нашето покривање на англиски

en