Малезија: Демолиран е историски затвор

И покрај протестите на загрижените граѓани, уметници и историчари, малезиската влада одлучи да го демолира затворот Пуду стар 115 години, историски симбол на Куала Лумпур. Минатата недела, источниот ѕид на затворскиот комплекс Пуду беше уништен со цел да се ослободи простор за проект за проширување на патиштата. Во областа наскоро ќе се изгради и трговски центар.

Badan Warisan Malaysia е разочаран што владата ја одби петицијата за признавање на затворот како градба со големо значење за културното наследство.

Би било добро да се знае кои критериуми им се потребни на една зграда или локација, за нашата влада да ги смета како дел од културното наследство.

Затворите се дел од видливите докази за нашата кривична историја којашто е дел од нашиот правен систем. Исто така, не треба да заборавиме дека во нејзината над 100-годишна историја, оваа зграда не беше само затвор каде што се затвораа осудениците. Ова е местото каде, за време на јапонската окупација, беа затворани и службениците од различни нации кои се бореа за да го одбранат нашето крајбрежје. Зар и ова е дел од нашата национална историја за кој не сме горди?

Иако можеби е веќе предоцна за да се спаси затворот Пуду, Бадан Варизан се надева дека овој чин ќе ја покрене свеста и ќе ја зајакне одлучноста кај луѓето да станат свесни  за тоа колку е кревко нашето наследство и да се изјаснат за неговата заштита и одржување.

mirage.studio.7 пишува за историската вредност на затворот

Затворот Пуду е стар над 100 години, изграден од Британците со евтина работна сила од Индија, користен како затвор од страна на Јапонците каде што ги касапеле Кинезите и од сегашната влада за бесење на над 1000 злосторници сè до доцните 90ти.

Навистина би сакал да го видам затворот или барем портата зачувани како туристичка атракција  Сепак, сегашната политика сака да ја замачка историјата и  да ја напише одново.

Sarah Kushairi мисли дека на градот не му е потребен уште еден трговски комплекс

Се вознемирив кога владата одлучи да го сруши историскиот затвор Пуду (а просторот да послужи за градење) и да го претвори во место за градба на луксузни хотели и апартмани. Бла бла бла. Зарем Малезија нема доволно трговски центри и апартмани.

From A to Zi е исто така бесен што ѕидот со мурали (еден од најдолгите мурали во светот) којшто го красеше затворот сега веќе го нема

Сигурен сум дека не сум единствениот кој е апсолутно разбеснет поради целата оваа ситуација.

Затворот беше место каде што беа чувани едни од најозлогласените малезиски злосторници. Толку многу локална историја и локални приказни пропаднаа – и мислам дека еден трговски центар, во однос на дизајн и функција, не може да се рамни со неговата богата историја. (Записи на ѕидовите од затворските ќелии, резби, лупење на бојата од ѕидот … зошто уништуваме приказни?)

На Куала Лумпур не, не, не му треба уште еден трговски центар. Нашата локална историја и култура е толку убава и толку единствена, зошто не можете да го видите тоа? Можеме да ја ставиме во музеј и да му ја покажеме на светот.

Добредојде во 21от век Куала Лумпур, нашето доба на културно уништување. Очајно ни треба културно образование, а не трговски синџири на странски модни продавници.

BJ Thoughts си спомнува за муралот

Тоа е иконски симбол на Куала Лумпур – многу одамна, додека седев во автобус, заглавен во метежот на пат накај баба ми го гледав овој мурал на ѕидот

Озлогласениот затвор Пуду се руши за да стане место за конструкција на градби и тоа воопшто не ме изненадува. Мислам, ако некои алчни лудаци можат една активна стратешка воена база да ја наменат за комерцијален развој, тогаш што останува за еден напуштен затвор во центарот на Куала Лумпур

Уметниците организираа масивен погреб на вечерта на демолирањето. Arteri пишува на блогот за тоа. Но pagarmerah не го поддржува ваквиот потег

иако сум против тоа државата и корпорациите да рушат било што само за да изградат еден никаков трговски центар кога ги има толку многу на секој агол од градот, а го игнорираат фактот дека луѓето се сèуште без покрив над главата, сепак не би сакал да запалам свеќа како знак на разочарување што државата не го прогласи затворот Пуду за градба која му припаѓа на државното наследство.

Слики од затворот Пуду можете да најдете на веб страницата на  Michael Yip и Rabiatul Adawiyah. Fat Bidin Media има прикачено и видео од демолирање на Пуду.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.