Мексико: Протест воден од картел на дрога го парализира градот Монтереј

Минатата среда, откако беше фатен лидерот на бандата за тргување со дрога Лос Зетас, членови на овој картел ја парализираа метрополитската околина на Монтереј со блокади на 20 различни локации, користејќи ги своите малолетнички регрути кои им се закануваа на возачите на автобуси и граѓаните да ги напуштат своите возила долж улиците.

CC-By bbriceno

CC од bbriceno

Како што Бордерленд бит наведуваат во својата објава:

На авенијата Мигел Герман и Лас Америкас и до десетици автобуси за јавен превоз беа одземени со закани и користени како блокади. Оваа област беше особено погодена, откако членовите на бандите вооружени со челични шипки и пиштоли им се закануваа на граѓаните и во групи им ги крадеа нивните возила.

Многу возила користени за блокадите имаа пробушени гуми или беа оштетени на друг начин, со цел да се отежни задачата за нивно отстранување.

Доста време им требаше на државната и локалната полиција да одговорат и практично градот беше во состојба на опсада, бидејќи луѓето беа заглавени со часови, чекајќи да се одблокираат патиштата, а додека пак други делови од градот беа место за пресметки со пиштоли.

Следниов приказ е видео од граѓанин, каде што возачот снимил различни блокади на автопатот Фидел Суарез, додека радиото информирало во врска со ситуацијата. Можете да видете автобуси и автомобили како го блокираат сообраќајот во спротивната лента:

Фермин Теле, фан на Војна на ѕвездите, сакаше да го гледа концертот на Војна на ѕвездите (музика од филмот) во Монтереј арената, кога започнаа блокадите:

El nerviosismo se apoderaba de mi ser luego de conocer lo que sucedía en las calles regias, bloqueos por todos lados, la inseguridad era el tema de todos los regios. Tanto así que la palabra “bloqueos” llegó a ser número 4 en los Trend Topic a nivel mundial en twitter.com, es decir la palabra “bloqueos” era de las más utilizadas por los twitteros.

Ме опседна чувство на нервоза, знаејќи што се случува на улиците на Монтереј, блокади насекаде, несигурноста беше најзборувана тема од луѓето во Монтереј. Толку многу што зборот “bloqueos” (блокада на шпански) го достигна третото место на зборувани теми на Twitter.com, што значи дека зборот bloqueo беше еден од најкористените зборови на твитер.

Корисници како zulygarza и CarlosLazoG, исто така, поставија слики од блокадите.

Blogger Gyp_sy, исто така, објавуваше за блокадите, откако сними видео од радио-телевизиските вести:

Hoy vivimos otro día de violencia. Más de 20 bloqueos en las avenidas más importantes de la ciudad. Este video es solo un poquito de lo que vivimos en este país, donde según palabras de nuestro presidente, los delincuentes son “minoría”. Aquí se ve como esa MINORIA con armas en las manos y sin problema alguno, les quita los autos a las personas y tapan las calles todo esto… a OJOS de los policías quienes deciden huir del área de conflicto el lugar de enfrentar a “la minoría”.

Денес преживеавме уште еден ден на насилство. Повеќе од 20 блокади на најважните авении во градот. Видеото покажува само мал дел од она што го живееме во нашата држава, каде што според зборовите на нашиот претседател, деликвентите се “малцинство”. Овде може да видете како ова МАЛЦИНСТВО со оружје во нивните раце без проблем одземаат возила од луѓето и ги блокираат улиците, сето ова….пред ОЧИТЕ на полицијата, која одлучи да избега од областа на конфликт, наместо да се соочи со “малцинството.”

Hazme el Chingado Favo, исто така, го критикуваше недејствувањето на полицијата објавуваќи исечоци со слики, покажувајќи како полицијата сведочи крадење на автомобил за да ја блокира улицата од страна на вооружен човек, но потоа се свртува на друга страна и заминува.

Блогот Live free or die (Живеј слободно или умри), исто така, имаше да каже неколку збора за блокадите и декоративните полициски сили:

A mí realmente me parece insólito que en una ciudad como Monterrey y su área metropolitana, donde últimamente hemos visto que patrullas del Estado de Nuevo León y patrullas municipales se la pasan dando rondines todo el día y a toda hora, de buenas a primeras no se dan cuenta que de manera simultanea varios grupos delincuenciales toman control de la ciudad entera.

¡La tarde de ayer, la gran ciudad de Monterrey estuvo secuestrada!

За мене е незамисливо дека град како Монтереј и неговата метрополитска околина, каде што неодамна видовме патролни автомибили од Естадо де Нуево Леон и локални патролни автомобили, коишто редовни често ги прават своите обиколки за време на целиот ден, наеднаш не забележуваат како различни деликвентски групи, истовремено ја преземаат контролата врз целиот град.

Вчера, големиот град Монтереј беше киднапиран!

Блокади поврзани со дрогата не се нов феномен во Монтереј: за време на минатата година неколку се случија, движење кое ги загрижува граѓаните. Очигледно, оние кои ги извршуваат блокадите се незапослени тинејџери, кои се зрела цел за вниманието на овие кругови на дрога од кои се “запослени”, им даваат оружје и им даваат слобода на улиците со нивните лица покриени, насекаде познати како ”лос тападос” или покриените.

Пако од Урби и Орбе кажува за блокадите од миниот февруари

Un taxista que estuvo en uno de los primeros bloqueos me contó algunos pormenores: robo o destrucción de teléfonos celulares, consumo de drogas y alcohol, insultos, amenazas y golpes contra conductores…

Lo que no tuvo que contarme el taxista fue la actitud pasiva, insegura, de las fuerzas policiacas. Eso fue evidente durante varios días. Sin embargo, el Secretario de Seguridad estatal se quejaba; pedía que los ciudadanos y los medios de comunicación identificaran a “los malos”, que no eran los policías sino el crimen organizado. El propio Gobernador aseguró que tras los “tapados de Monterrey” están el Cártel del Golfo y su brazo armado, los “Zetas”.

Таксист кој бил на една од првите блокади ми кажа некои детали: вооружени грабеж и уништување на мобилни телефони, користење на дрога и алкохол, навреди, закани и претепувања против возачите…

Она што таксистот не мораше да ми го каже е пасивноста и несигурниот став на полициските сили. Тоа беше очигледно за неколку дена. Сепак, Секретарот за државна безбедност се пожали; тој им укажа на граѓаните и медиумите да препознаат дека негативците не се полициските сили, туку организираниот криминал. Гувернерот лично изјави дека зад “покриените од Монтереј” се наоѓаат картелот Gulf Cartel и неговиот вооружен огранок Зетас “Zetas”.

Следува уште едно видео на друг граѓанин кое ги покажува нарко-блокадите од март:

Во едно од видеата можеме да прочитаме коментари од прва рака за една блокада:

A mi me toco un bloqueo a la miguel aleman,cuando iba para el aeropuerto y vi que de 3 taxis se bajaron como 12 tipos estilo cholos,que se le fueron alos camiones y los atravezaron,y todo lo hicieron en menos de 5 minutos y a la vista de una granadera de apodaca,despues huyeron en los taxis rumbo a la carr. huinala,ojala ya los paren a estos cabrones lacras

Искусив една блокада на Мигуел Алеман авенијата, кога одев на кај аеродромот и видов како од 3 таксиња излегоа 12 мексикански гангстери и се упатија кон автобусите, а потоа ги искористија за блокирање, а сето ова го направија за помалку од 5 минути и пред очите на самото полициско комбе, откако избегаа со нивните таксиња во Хуинала. Се надевам дека овие лоши кретени беа запрени.
Благодареност до Иса Виљареал која допринесе за оваа статија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.