После неколку месеци за некои, а за други неколку години борба – ништо друго не може да ја долови подобро човековата емоција како мигот кога војникот се враќа од должност во странство. На YouTube, бројот на видеа со војници кои се враќаат дома во последните неколку години драстично се зголеми.
Во ова видео, мајката плаче кога конечно го гледа синот дома по шестмесечен период изминат во Авганистан. Според мајката, тој станал „покрупен“.
Приредување на изненадувања за мајките стана тренд, барем за некои војници. Овој војник на мајка си ѝ го дава најдобриот подарок што таа може да го добие за нејзиниот роденден.
Друг војник го изненади син му кога го посети на училиште. Во видеото нема многу дијалог, но за повеќето гледачи зборот „татичко“ треба доволно да кажува.
Не се само децата тие што гледаат како нивните сакани заминуваат да ѝ служат на државата. Во ова последно видео, враќањето дома беше посебно слатко. Војникот е топло пречекан од неговото куче.