Индонезија: Кога жените сами си ги контролираат инвестициите

Flickr-photo "Scale" by deepchi1

Flickr фотографија "Scale" by deepchi1

Индонезија покрај тоа што успеа да ја издржи последната економска криза таа сега е дури е и кандидат за  БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина)  нација. Која всушност беше тајната на  најнаселената нација со муслиманско мнозинство во светот? Повеќе од половината Индонезијци (230 милиони) се жени.

Поголемиот дел од индонезиските жени се уште се придржуваат кон нивните главни општествени улоги, да бидат сопруги и да станат мајки. Иако трендот се менува, повеќе од времето жените се уште не се вклучени во донесувањето на одлуки, ниту пак од нив се бара да придонесат за благосостојбата на семејството; имаат опција да работат, но тоа не е задолжително – на тој начин финансиската независност не е апсолутна.

Во селата родителите ги мажат своите ќерки надевајќи се со тоа  да им ја осигураат иднината. Оваа пракса води кон тоа многу жени со слабо образование да имаат само неколку опции во живот. Жените често се класифицирани како „неквалификувани работници“- работејќи во фабриките или испратени во странство да работат како собарки – нивните доприноси кон државната каса се игнорирани, а нивните права не се  правилно признаени.

Во минатите години, индонезиските жени се инспирираа меѓусебно и покажаа дека и тие можат како кец на десетка да придонесат во региони кои се водени главно од нивните машки колеги. Една од жените кои послужиле како  инспирација на индонезиските жени е поранешната министерка за финасии Сри Мулјани Индравати, која моментално е директор за управување на светската банка.

Извештај овјавен во 2008 од страна на индонезиското биро за статистика вели дека во Индонезија има 46-49 милиони микро, мали и средни претпријатија (MSME) и 60%-80% од нив се поседувани  од жена. Тие (MSME) севкупно претставуваат 97.1% од работната сила во земјата.

Слични на жените во Африка или Јужна Азија, индонезиските жени исто така се соочуваат со предизвици, како на пример подигање заем од банка без машки жиранти или  ако не успеат да докажат дека се кредитно способни.

За среќа жените во оваа земја се држат заедно, и може да се почуствува големо присуство на другарство помеѓу нив во руралните како и урбаните заедници.

Сон Хаџи Ујаџи [индонезиски],  активист кој живее во Тангеран, Западна Јава, на неговиот блог издвојува како жените имаат капацитет да го зголемат домашниот приход.

Жените се по природа високо социјализирани и тие ќе преземат активна улога да го подобрат домашниот  приход. Локалните активности подобро е да бидат водени од жена. Културолошки, индонезиската жена има високо разбирање за важноста на заедницата, ова се рефлектира на многу општествени програми како што е PKK (забелешка на авторот: курсеви за домаќинки, вклучувајќи шиење, градинарство прва помош итн.), Posyandu ( забелешка на авторот: здравствен центар во заедницата), и arisan ( забелешка на авторот: приватно обложување строго меѓу пријателите и семејството), кои се уште постојат и денес.

[…]

PKK  во моментов има приоритет на  програмата за подобрување на приходите (UP2K-PКК). […]  Програма која што го нагласува потенцијалот на жената, нејзината  волја и карактер, стана основна дефиниција на социјалната сигурносна мрежа, начин да им помогне на луѓето од сиромаштија и да ги поддржи да бидат силни и независни поединци, како и во семејна заедница.

Генерирање на приход онлајн и офлајн

Koperasi (задруга), бизнис институција, основана од страна на група луѓе, предводени демократски и со цел за заемни бенефиции, се смета како еден од камен темелниците на индонезиската економија.

Со годините, основните принципи на Koperasi може да се каже дека се вкоренети во главите на луѓето. Иако мрежниот маркетинг, ги нема идентичните вредности како и Koperasi во осознавање на важноста на општината и мрежата, сепак е земено во предвид како добар начин да се генерираат алтернативни приходи. Луѓето задолжително не одат на ваквите состаноците за да купат нешто, тие доаѓаат за да најдат нови можности или бизнис партнери преку озборување, чај и колачиња.

После презентации и каталози за мрежен маркетинг, дојдоа блоговите и Facebook. Дамите набрзо најдоа ново место како пазар за нивните занаети, увезени кореански летни фустани, па дури и Jimmy Choo поптетици од претходната сезона и многу други луксузни добра по намалени цени. Генерирањето  на екстра приход стана лесно како и тагирање на слики.

Дали микрокредитирањето функционира во Индонезија ?

Микрокредитирањето во пракса не е секогаш сребрен куршум против сиромаштијата  во Индонезија, од друга страна нови работни места би биле.

Интернационалната микро-кредитна организација како што е Кива има за цел преку кредитирање да ги поттикне осиромаштените жени и нивните заедници, но ова секако не е лесна задача.

Нетизенот со име salman_taufik има дадено коментар на објавен натпис објавен во Stanford Social Innovation Review. Тој има одлично објаснето зошто микро финансирањето не е толку успешна приказна во Индонезија:

Имам слични наоѓања на макро ниво за индонезиски случај. Во текот на последната деценија, после  кризата 1988 – 2009, сиромаштијата само малку се намали  од 21%  на 14,15% до 2009 година и покрај контроверзноста околу оваа статистика. Во меѓувреме, имаше пораст на кредитите кај микро претприемачите, се зголемија 7 пати во текот на 2000-2009, многу повеќе  од севкупната банкарската индустрија која се зголеми само 2 пати за истиот период. Контрастноста на двете фигури прават да се запрашам за ефикасноста на  микрофинансирањето околу олеснување на сиромаштијата. Бидејќи некои од кредитните текови во микро претприемаштвото се на потрошувачки кредити, се сомневам дека брзиот раст само покажа колку успехот на капитализмот ги продава своите производи за широката потрошувачка кај сиромашните како мотори, мобилни телефони, домашни апарати и сл, а  сиромасите им го продаваат нивното земјиште и вршат нелегално сечење на дрвјата за да ги платат сите оние работи. Понатаму, иако микро финансирањето им овозможува на сиромашните луѓе да имаат капитал или ликвидност, тие мора да плаќаат речиси двојно повеќе од корпорацијата. Само мислам дека има искористување на сиромасите. Па така некако јас се согласувам со тебе, освен ако тие не ги наплаќаат парите, нека бидат како работен капитал за да ги спасат нивните животи.

Во земја каде многу од луѓето се уште живеат со 2 американси долари на ден, странската финансиска помош е често погрешно протолкувана од страна на сиромашните заедници.

Ана Антони, стипендист на Кива стационирана во Бали објаснува:

Стравот на партнерите на терен на Кива каде што служев јас, беше ако должниците знаат дека нивниот заем доаѓа од странство, тие ќе сметаат дека е добротворна организација. Тие нема да се чувствуваат должни да го вратат својот заем и така ќе предизвикаат долгорочни проблеми дури и ако загубите не се покриени од страна на партнерот на терен. Постои штета која   индустријализираните земји ја направија преку помошта која оди многу подалеку од поддршка во кризи, одземајќи нешто од духот на “Можам да го направам ова-јас можам да се справам  со предизвиците во мојот живот!”, што е многу важно во микрофинансирање… но назад на транспарентност.

[…]

Целиот процес повторно покажа колку големо влијанието на Кива може да биде. За повеќето земји во развој тоа е промена на парадигма да не добие пари кои или не мора да ги врати или да ги врати под тешки услови. Ставајќи многу напор во подигање на транспарентноста на должниците  и на тој начин покажувајќи однос на сите луѓе кои учествуваат во мисијата на Кива е повеќе од важно. Покрај исполнувањето на вредноста на микрофинансирањето, да им помогне на луѓето да си помогнат самите, тоа е основа за нов пристап кон развој.

Индонезиски претприемач жена е интересен факт. За жал фактот изгледа помина незабележан од страна на локалните мрежни блогери како овој автор (јас!)  Се мачев  да најдам блог постови кои вклучуваат сведоштва или мислења за економските хероини. Дали пропуштив некои одлични стории да ги објавам на нет? Ако да, ве молам обавестете ме. Вашите линкови, мислења и ставови се високо ценети.

Овој пост исто така е објавен и на Конверзации за подобар свет на UNFPA каде што  Каролина ќе води блог за женскиот претприемач, храброста и инвестициите (на светско ниво) низ следната недела. Ве молиме споделете ги вашите проекти,  линкови и искуства таму.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.