Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Перу: Ученичка ѝ поставува прашања на првата дама на САД во врска со имиграцијата

На 19ти мај, првата дама на САД, Мишел Обама и г-ѓаta Маргарита Цавала, сопруга на мексикансниот претседател Фелипе Калдерон, беа во посета на едно основно училиште во Силвер Спринг, Мериленд. За време на посетата, 7 годишната Дејзи, ученичка во второ одделение, по потекло од Перу, на г-ѓа Обама  ѝ постави прашање кое беше пренесено од сите медиуми. Како што Вашингтон Пост детално објави , девојчето сакаше да знае, зошто претседателот „ги брка сите оние што немаат документи“ . Г-ѓа Обама, со првата дама на Мексико покрај неа, на девојчето му го рече следното : „Тоа е нешто околу кое треба да работиме, нели? Да бидеме сигурни дека луѓето што се тука ги имаат вистинските документи“, на што девојчето одговори дека нејзината мајка нема никакви документи.

Девојчето ги поттикна перуанските блогери да зборуваат за неа и за одредени имиграциони прашања со кои што се соочува нивната заедница во САД.

На блогот Holismo Planetario en la Web [шпански] Дејзи ја нарекуваат „Лицето на имиграцијата во САД”:

[…], la niña de 7 años que le preguntó a la primera dama de Estados Unidos, Michelle Obama, qué se podía hacer para evitar el temor de su mamá a ser deportada al Perú por ser indocumentada, es considerada la “vocera” de más de 12 millones de inmigrantes que viven de manera ilegal en el país. Su inocente comportamiento ha despertado un interés inusitado en la prensa estadounidense por el espinoso tema.

Ова 7 годишно девојче, кое ја праша Првата Дама на САД, Мишел Обама, што би можело да се стори за таа повеќе да не се плаши дека нејзината мајка ќе биде депортирана назад во Перу бидејќи е имигрант без документи, се смета за „портпарол” на повеќе од  12 милиони имигранти кои нелегално живеат во земјата. Нејзиното невино однесување доведе до неочекуван интерес во печатот на САД во однос на ова проблематично прашање.

Блогот Libretita de Notas [шпански] нуди една поинаква перспектива на сето ова:

Para algunos es una heroína, para otros la hija de una pareja de peruanos que ingresaron ilegalmente a Estados Unidos y que, sin permisos de extranjería suficientes, deberán ser deportados cuanto antes. Lo cierto es que la pequeña Daisy Cuevas también ha puesto en debate una regla de oro del periodismo: aquella que señala que la identidad de los menores de edad no puede revelarse, ni siquiera cuando estos se convierten en protagonistas de la noticia.

[…]

¿Sin embargo, qué pasa cuándo la protagonista pone en aprietos a la esposa del presidente de Estados Unidos al preguntarle si es cierto que su esposo no quiere aprobar la reforma migratoria que permitiría a sus padres quedarse en Norteamérica y no ser deportación por indocumentados?

За некои, таа е хероина, за други, таа е ќерка на перуанска двојка која нелегално влегла во САД,  нема дозвола за престој и мора да биде протерана од земјата што е можно поскоро. Работата е во тоа што малата Дејзи Куевас покрена дебата во врска со едно златно правило во новинарството: идентитетот на малолетниците не смее да биде откриен, дури и кога тие се наоѓаат во центарот на вниманието на новините.

[…]

Но, што се случува кога главниот лик ја става во тесно жената на претседателот на САД, прашувајќи ја дали е вистина дека нејзиниот сопруг не сака да даде одобрение за имиграционите реформи кои би им овозможиле на нејзините родители да останат во САД наместо да бидат протерани затоа што не поседуваат документи ?

Фотографија од собирот на имигранти од Señor Adventure, се користи според Creative Commons лиценца.

Во еден блог напис на ABC News, има најразновидни коментари кои не ја поддржуваат ситуацијата на родителите на Дејзи:

PBW рече: Здраво!! Јас сум Американка а мојот сопруг е Британец. Тој легално дојде тука. Сметам дека сите имигранти треба да ги почитуваат правилата како што тоа го направи мојот сопруг. Не е фер кон децата, но тоа е што е.

Kим вели: Според девојчето, мајка ѝ нелегално престојува тука веќе 7 годин, зошто не ги поднела документите?

Според DePeru.com [шпански], околу 3 милиони Перуанци живеат надвор од родната земја: 52% живеат во САД 27% живеат во останатие земји на Јужна Америка, 13% во Европа и 8% во Азија. На истата таа страница е истакнато дека најголемиот број на Перуанци во САД нелегално работат физички работи.

Заклучокот на Herberth Castro Infantas [шпански] во најновиот запис на неговиот блог е:

Todos esparamos que este clamor no sirva de pretexto para tomar represalias con su familia ni con los millones de indocumentados.

Сите се надеваме дека оваа збрка нема да се искористи како изговор за одмазда кон нејзиното семејство ниту пак кон милиони  други имигранти без документи.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.