Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Навивачите на Светското првенство реагираат на контроверзниот повик на судијата

Светското првенство во фудбал не би било она што е доколку не постои контроверзност во одлуките на судиите. Една таква одлука која досега го одбележа Светското првенство 2010 е онаа на судијата Коман Кулибали (Koman Coulibaly) кој не го призна голот на американскиот играч Еду, со што натпреварот заврши со жестоко враќање со двата гола од страна на тимот на Америка, кој играше против тимот на Словенија. Кога заврши и последната свирка, блогерите го изразија својот бес на форуми или пак преку отворените 127 страници на фејсбук кои повикуваат на забрана за понатамошно учество на судијата на светското првенство или пак преку страниците на википедија кои го изобличуваат Кулибали. Не беа бесни само блогерите, но, истотака, и новинарите кои брзо известуваа дека ова не е првата контроверзна одлука во која Кулибали е вклучен. Дури и познатиот спортски коментатор Петар Кинг се вмеша веднаш поставувајќи го следново ажурирање на Твитер:

„Назначување судија од една мала африканска земја на светското првенство е како да оди на Супер Боул (Super Bowl) еден судија од конференција во Средна Америка.“

а објаснува и во детали во неговата статија во која ја обвинува ФИФА што дозволува „некомпетенто и ризично вршење на службената работа“.

Слика земена од Фејсбук каде се бара забрана за Кулибали

Сепак, пред да се случи ова дело кое е под сите норми и стандарди, Кулибали беше гордост на неговата земја кој учестуваше во светското првенство како единствен судија од Малиа, но и како еден од четирите судии од Африка. Во делот за коментари во статијата во Maliweb напишана пред да започне играта, многу блогери го охрабруваат Кулибали и му посакуваат се најдобро.  Бас Џуниор пичува:

C'est un honneur pour le Mali.Bonne suite pour vous,petit coulibaly!

Тоа е чест за целиот народ на Малиа. Се најдобро Кулибали.

Дахико додава:

La reussite est au bout de l'effort personnel. Si le travail bien fait annobli l'homme, alors je dirai que Komas l'est deja. Bonne chance cher compatriote et que Dieu t'assiste dans tes actions et surtout soit impartiel comme toujours.

Успехот е резултат на личните напори. Ако добро  завршената работа го прави еден човек благороден, тогаш сметам дека Коман е веќе еден од нив. Со среќа мој мил сонароднику. Бог нека ти помогне и биди непристрасен каков што си секогаш.

Судија од Малиа – Коман Кулибали

Откако играта заврши, блогерите сепак се обидуваа да го разберат Кулибали. На форумот Seneweb, Auteur смета дека судењето е проблем на светското првенство:

les arbitres commencent à gacher le tournoi avec des cartons stupides,but refusé et des décisions contestables. Je doute fort que les huitièmes de finale soient d'un niveau élevé car beaucoup de joueurs seront suspendus

Судиите започнуваат да го уништуваат натпреварот со нивните идиотски картони, поништени голови и многу оспорени одлуки. Јас, навистина, се сомневам дека вториот круг ќе има висок квалитет бидејчи многу играчи ќе бидат суспендирани.

Друг корисник на овој коментар додава:

Ce type d'erreur ne se commet a pareil. Que la bourde de l'arbitre soit aux depends des US, de la Grece Antique, ou du zimbabwe, n'est pas le cas. Le probleme c'est qu'on est en coupe du monde et cet arbitre torpille les chances de toute une equipe. Imaginez la frustation de ces joueurs americains qui font tout pour faire reconnaitre le football par leurs compatriotes.

Оваа грешка е навистина неприфатлива. Таа грешка е на штета на САД, а Античка Грција или Зимбамбве се безначајни. Проблемот е тоа што светското првенство и судијата ја уништија шансата на целиот тим. Замислете ја фрустрацијата на американските играчи кои даваат се од себе за да добијат признание од својот народ  кога ќе се вратат дома.
Лоик се прашува зошто сето ова не се разгледа веднаш:

A quand la vidéo? Le seul argument qu'on nous oppose est un insuportable droit a l'erreur, un facteur humain qui entraine des “faits de jeux” d'autant plus iniques qu'ils sanctionnent ici une équipe méritante.

Виде ли некој? Единствениот аргумент против ова е неподнесливата „човечка грешка“ како дел од играта, што е дури повеќе нефер бидејќи ги казнува тимовите кои го заслужуваат тоа.

Еден читател пишува дека штета е што судијата кој ја направи таа грешка е од Африка, а друг читател на ова пак реагира:

Comme si les africains n'avaient pas droit à l'erreur!

Зарем на луѓето од Африка не им е дозволено да прават грешки?

Други пак веруваат дека постои преголема реакција на лош повик. Daanii N се обидува да ја објасни одлуката од  Le Monde во делот за коментари:

Je trouve que tout le monde exagère en ce qui concerne la décision de l'arbitre. Au moment où il a sifflé, plusieurs joueurs slovènes et américains se bousculaient et se tenaient les uns les autres. Souvent, dans des situations comme celle-là, l'arbitres siffle pour l'équipe qui se défend. Le seul hic ici c'était, qu'une seconde après, les Américains ont marqué le but

Сметам дека секој испаничи за одлуката на судијата. Кога тој свиреше, многу Словенци и Американци имаа боречки зафат. Во вакви ситуации, судијата обично суди во полза на одбраната. Проблемот овде е тоа што после секунда од свирчето, Американците постигнаа гол.

Иако лутината на американските гледачи е разбирлива и веројатно праведна, блогерите од Африкне беа наклонети кон она што го изјавуваа медиумите за Coulibaly. Шон Марфи во Africafeed е навреден од оценувањето на Coulibaly во Америка од страна на Петар Кинг:

„И поставувањето @SI_PeterKing на Твитер не е нешто поразлично како и поставувањето 2 Black Hawk хеликоптери во центарот на градот Могадишу или пак тоа е сепак „несреќна“ аналогија?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.