· мај, 2008

Below are posts about citizen media in Spanish. Don't miss Global Voices en Español, where Global Voices posts are translated into Spanish! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за шпански од мај, 2008

Никарагва: Поглед во владината програма за микрокредити

Минатата недела „Еста Семана“, 60 минутна телевизиска емисија за вести во Никарагва, известуваше и детално ја разгледуваше Усура Церо (Без камата), програма финансирана од владата која доделува мали кредити на микробизниси раководени од жени. Но Нарен Мајорга од ¿Y ahora de que vamos a hablar? [es] го резимира целокупниот проект,...

Колумбиската анти-воена младинска група прославува 10 години постоење

На 17 мај беше обележена десетгодишнината на Антимили соноро [es], настан организиран од страна на Младинската Мрежа како начин за да се рашири зборот за отпорот кон задолжителното служење воен рок во Колумбија преку музика. Датумот беше прославен со концерт и целиот месец беше исполнет со конференции, расправи и маршови...

Еквадор: Претседателот Кореа критикуван за време на посетата на Европа

Кореа за време на маршот во Гвајкил на 19 Јануари, 2008 г. – фотографија на Чарли Перез лиценцирана под Криејтив комонс. Минатата недела известивме дека Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа беше топло примен во Шпанија и се покажа дека има различна врска со шпанскиот крал, и дека не мора да значи...

Венецуела: Дела од издавачка куќа достапни на интернет

Има добри вести за они кои го изучуваат шпанскиот јазик и фановите на литературата на шпански. Благодарение на иницијатива од венецуелското министерство за култура, книжевни дела од издавачката куќа Ајакучо Лајбрари [es] сега се достапни бесплатно онлајн. Веќе неколку месеци, блогерите и други книжевни ентузијасти имаат можност да пристапат и...

Денот Пангеа: Светски настан

Денот Пангеа беше организиран во саботата и луѓе од различни краишта на светот се собраа да гледаат филмови и да бидат дел од светскиот настан на кој филмовите, говорниците и музиката ни покажаа нешто повеќе од животот на другата страна од земјината топка, обединувајќи луѓе од сите области на животот...

Еквадор: Низ целата земја викенд со слободен софтвер

Во Латинска Америка неодамна заврши „Фестивалот за инсталирање на слободен софтвер во Латинска Америка“ (ФЛИСОЛ 2008). Овој настан, кој се одржува од 2005 година, ги има за свои главни цели да го промовира користењето на слободниот софтвер, да ја презентира неговата филозофија, неговите цели и развој.

Чиле: Политички пораки во онлајн музичко видео ја размрдаа нацијата

СубВерсо е уметничкото име на Висент Дуран, автор на Информирај се, хип-хоп песна која ја критикува политиката и видео кое најчесто се дистрибуира онлајн, за која се дигна прав во чилеанската заедница и предизвика поплава од коментари. Меѓу нив има за пораката која ја дава за информација, без да ја...

За нашето покривање на шпански

es