Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Чиле: Политички пораки во онлајн музичко видео ја размрдаа нацијата

Банер за СубВерсо од компиразионСубВерсо е уметничкото име на Висент Дуран, автор на Информирај се, хип-хоп песна која ја критикува политиката и видео кое најчесто се дистрибуира онлајн, за која се дигна прав во чилеанската заедница и предизвика поплава од коментари. Меѓу нив има за пораката која ја дава за информација, без да ја добиваш информацијата од телевизија, а други се против одредени стихови кои велат луѓето да одат да фрлаат камења кон прозорците на странските компании како знак на протест. Целосните стихови [es], може да се најдат посетувајќи го линкот. Еве извадок кој зборува за претседателот на Чиле, Мишел Бачелет, преведен на македонски:

Бачелет го знае тоа добро, бидејќи учеше од грингосите студирајќи со војската, таму во САД. Таа доби диплома за одбрана и национална безбедност, па затоа не подлегнувајте на таа лажна материјална слика.
Нејзината ДНК е позната, воена и директна и преку некомпетентност создаде моќен тим против внатрешниот непријател, кој не е крадец во апартман од три дела туку твоите роднини, соседи и твоите мали деца.
Ве учам со овие стихови кое се како мене, СубВерсо за да не се преправате дека сте глупави како што се случи во приказната за „сирењето“. Доколку сакате да изгубите тежина која ја елиминира тежината на синџирите ајде да одиме да ги скршиме прозорците на странските компании.
Рефрен
Информирај се себеси пред телевизијата да те реформатира, читај и учи од улиците, бидејќи богатите повеќе сакаат да бидеш неупатен и да кријат информации од тебе за полесно да можат да владеат со тебе.

Информирај се може да постане чилеанскиот еквивалент на Ние не го започнавме огнот од Били Џоел, која целосно ги содржи имињата, местата и настаните кои се релевантни за моменталната политичка ситуација во Чиле. Видеото излезе во време кога 111 дневниот штрајк со глад на Патрициа Тронкосо за правата на Маруче Индијанците, најдолгиот штрајк во историјата на Чиле, заврши и следеше смртта на Маруче активистот и студент Матиас Катрилео од специјалните полициски сили на Чиле.

Во интервју што го имаше Себастиан Ларин Са со СубВерсо [es], Висент Дуран објаснува како видеото било креирано колективно со сите луѓе кои поставиле свои материјали на ЈуТјуб и дека неговата идеја била да ја покаже експлицитно корумпираноста во Чиле, користејќи примери од секојдневниот живот, а не само правејќи прекриени референци од тоа што се случува: наместо тоа тој користи имиња и настани за слушателите да можат да проверат и потврдат … и да се информираат.

Видеото за Информирај се [es], поставено од конспиразион:

СубВерсо минатиот 6 март настапуваше во живо пред куќата Лондон 38, центар за измачување и казнување во центарот на Сантијаго, кој е раководен од тајната полиција на Чиле за време на Пиночет режимот. Концертот беше организиран од Меморија 119 [es], колектив кој сака да ја претвори оваа куќа во „спомен куќа“ во чест на жртвите на бруталните измачувања. Настапот на СубВерсо беше поставен од павеларевена:

СубВерсо се здружи со други хип-хоп артисти од неговиот град, Вила Франциа, како дел од групата CoN$PiRaZioN и тие издадоа ЦД, Apaga le tele (Исклучи го телевизорот) кое може да се преземе бесплатно од МајСпејс страницата на групата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.