Колумбиската анти-воена младинска група прославува 10 години постоење

На 17 мај беше обележена десетгодишнината на Антимили соноро [es], настан организиран од страна на Младинската Мрежа како начин за да се рашири зборот за отпорот кон задолжителното служење воен рок во Колумбија преку музика. Датумот беше прославен со концерт и целиот месец беше исполнет со конференции, расправи и маршови за комеморација на десетгодишното движењето на младинската организација Непослушност и цивилен отпор. Ви ги прикажуваме поканите за настаните, промотивните клипови и кратко видео од еден настап на ска-бенд на концертот.

Младинската Мрежа го организираше нивниот анти-воен фестивал на интернационалниот ден, промовирајќи го „Свесен Отпор“, со цел да се укине задолжителното служење на воен рок [es], со што објаснуваат дека индивидуалистите веруваат дека убивањето човечки суштества, дури и во војската, е погрешно. Има изјави од младите луѓе кои одбиваат да служат воен рок, како што може да видите од изјавата на Густаво Монро [es], кој е регрутиран против негова волја и подоцна избегнуван од пријатели и роднини поради неговото одбивање да биде дел од војската. Анти-воената група ги објаснува своите цели и верувања во овој напис на англиски, кој може да се најде на нивната Мајспејс страница.

Прво, поканата за концертот оваа година, титлувана на англиски:

Вирална кампања на ЈуТјуб за промоција на настанот:

За крај, од концертот, видео со низок квалитет снимено од мобилен телефон од настапот на ска-бендот Рон Дајмон, кој ја изведува песната Соседот. Ако ви се допаѓа, може да го посетите претходниот линк и да го пронајдете линкот од реалната емисија на МТВ Латинска Америка и да гласате за нив!

Само кратко потсетување дека овие и сите други граѓански видеа прикажани на Глобал Војсис може да се погледнат на нашиот ЈуТјуб видео канал. Не двоумете се да не контактирате, да ни испратите ваше видео или испратите имејл со линк до видеото и кратко објаснување зошто е важно да се прикаже на нашиот сајт. Ви благодариме!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.