Еквадор: Низ целата земја викенд со слободен софтвер

Фотографија од Ленс Гик и репродуцирана под Криејтив комонс лиценца

Во Латинска Америка неодамна заврши „Фестивалот за инсталирање на слободен софтвер во Латинска Америка“ (ФЛИСОЛ 2008). Овој настан, кој се одржува од 2005 година, ги има за свои главни цели да го промовира користењето на слободниот софтвер, да ја презентира неговата филозофија, неговите цели и развој. За време на настанот, различните локални заедници за слободен софтвер (во секоја земја, во секој град/место), истовремено организираат настани на кои тие инсталираат, на бесплатен и легален начин; слободен софтвер на компјутерите кои ги носи јавноста на настанот. Како дополнување, истовремено се одржуваат предавања, презентации и работилници за темите кои ја засегаат Латинка Америка на локално и национално ниво за слободниот софтвер.

Во Еквадор, овој настан привлече голема публика, особено откако претседателот на републиката, Рафаел Кореа, според декретот број 1014 на 10 април 2008 нареди компјутерите во јавната администрација да употребуваат слободен софтвер. Декретот исполнува ветување направено во говорот во 2007 дека сите државни компјутери ќе мигрираат на овие слободни системи.

Во случајот на Еквадор, оваа година учествуваа 14 градови. Координацијата се вршеше преку мејлинг листи и ИРЦ канали, каде се дистрибуираа пропагандните материјали до помалите градови.

Рафаел Бонифаз [es] е еден од пионерите во земјата и објавува пост во кој објаснува во детали за и како функционира ФЛИСОЛ во Еквадор:

ФЛИСОЛ го организираат заедниците на слободен софтвер во Латинска Америка. Во случајот на Еквадор организаторите се луѓе од заедниците на: ASLE, Ecualug, Equinux, OpenEcuador, Ubuntu-ec, меѓу другите. Во основа, овие заедници на слободен софтвер праќаат пораки на мејлинг листи или форуми, каде луѓето со интерес за слободен софтвер преку интернет го споделуваат своето знаење.

Џон Калдерон [es] пренесува кои градови од земјата учествуваа и што се случуваше во градот Лоја, каде тој лично беше вклучен во организацијата на настанот:

Во планот на ФЛИСОЛ-Лоја, неколку варијанти на GNU/Linux оперативниот систем беа дистрибуирани бесплатно и за 1 долар за ЦД, за покривање на трошоците. Инсталации се извршија на приближно 20 машини, дистрибуцијата низ јавноста беше околу 80 ЦДа, а присуството на настанот беше масовен и публиката беше многу задоволна.

Еден од учесниците во јужниот град на Еквадор, Лоја. Фотографија од јхкладерон и користена под Криејтив комонс лиценца.

Едуардо Палачио [es] пишува на својот блог за случувањата во градот Гуајакул и вклучува фотографии од настанот на ЕСПОЛ. Тој додава дека нивните очекувања, во споредба со присуството од 2007, не биле исполнети:

Се надевав дека штом настанот се одржува во кампусот Пенас – што е во градот, за разлика од кампусот Просперина – бројот на посетители може да го надмине бројот на посетители од ФЛИСОЛ 2007, но мислам дека тоа не беше случајот, барем не додека јас бев таму (до некаде 14:00 часот).

Луѓето Екубунту [es] зборуваат за начинот на кој луѓето можат да ги следат активностите за ФЛИСОЛ преку создавањето на ФЛИСОЛ телевизијата, која е група од видео стримови. Не сите градови стримуваа видеа, но тоа беше начинот преку кој можеше да се следат настанати од други држави.

Естебан Мандиета [es] линкуваше некои од настаните низ Еквадор, но еден од неговите коментатори вели дека слободниот софтвер не е се уште тоа за што е наменет, особено во однос на инсталацијата:

Ова лошо искуство остава горчлив вкус, бидејќи мислев дека инсталирањето Виндоус и Убунту ќе биде полесно отколку инсталирање Виндоус и Леопард (ги имам инсталирано и двата неколку пати на партиционирани МЕК и ПС), но Виндоус и Убунту дефинитивно не се согласуваат, тоа претставува енигма за мене. Се надевам дека на друг ФЛИСОЛ настан ќе успеам да го направам тоа или дека системот ќе биде повеќе пријателски или ќе го почекам бавното унапредување на слободниот софтвер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.