· април, 2008

Below are posts about citizen media in Spanish. Don't miss Global Voices en Español, where Global Voices posts are translated into Spanish! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за шпански од април, 2008

Венецуела: Новости за контроверзноста со Симпсонови

  29 април 2008

Луис Карлос Диаз од Периодизмо де Паз [es] ги пренесува новостите за контроверзноста која ги вклучува Симпсонови во Венецуела. По се изгледа серијата ќе биде преместена во вечерното “надгледувано“ ударно телевизиско време, но ќе овозможува повеќе деца да го гледаат, бидејќи повеќето од нив се во училиште кога оригинално се...

Еквадор: Приклучување на Криејтив комонс заедницата

  26 април 2008

За време на добро рекламиран настан, Еквадор им се придружи на другите земји кои нудат бесплатна дистрибуција на информации и содржини под лиценци наречени Криејтив комонс. Делегации од Колумбија, Аргентина, Мексико, Чиле, Венецуела, Перу, Бразил, Еквадор, Ел Салвадор, Костарика, Хондурас, Доминиканска Република и Куба пристигнаа еден ден пред настанот за...

Тестирање на новото метро во Санто Доминго, Доминиканска Република

  23 април 2008

Луѓето врескаат, викаат и го поздравуваат кога ќе го видат дека поминува: во Санто Доминго во Доминиканската Република, најновата ѕвезда е Mетро транспортниот систем. Градот зуи за новиот метро систем кој од минатата сабота започна да функционира пробно како тест носејќи посетители до и од Саемот на книги во Санто...

Кратки филмови од Чиле: Микро и Мини филмови на веб

  18 април 2008

Од Чиле имаме три примери за креирање онлајн видеа: прво, кандидатот за претседател од Чиле ги искористува предностите на алатките за онлајн видео за да создаде документарци и интервјуа за веб дистрибуција, следно, два независни продуценти на кратки филмови со видеа во кои се зборува за сиромаштијата, инвалидитетот, старите навики...

Венецуела: Симпсонови не се повеќе добредојдени

  18 април 2008

Се чини дека владата на Венецуела не се грижи многу за шоуто на Мет Гронинг, “Симпсонови.” Американското ТВ шоу, многу популарно во последните десет години и повеќе, беше неодамна забрането на една од приватните мрежи во Венецуела, по наредба на владата. Наводно, агенцијата за контрола на медиумите примила некои поплаки...

Видео на Фликр: Јаболко на раздорот

  11 април 2008

Седумнаесет часа по нејзиното создавање, Фликр групата „БЕЗ ВИДЕО НА ФЛИКР!!!“ веќе има повеќе од 5475 членови и 670 ставки. Она што е уште повеќе зачудувачки е што друга група, „Им велиме НЕ на видеозаписите на Фликр“, создадена два часа подоцна, има двојно повеќе членови од претходната група, а двете...

Еквадор: Загриженост за сигурноста и приватноста на интернет

  8 април 2008

Еквадор до сега постојано се појавуваше во насловите во 2008. Прво, паднаа поројни дождови и го поплавија поголемиот дел од земјата. Потоа, контроверзната расправа за националниот суверенитет и неговиот соседот, Колумбија, исто така беа често во вестите. На крај, објавата дека Револуционерните вооружени сили на Колумбија (РВСК) имаат засолниште во земјата ја постави владата на Еквадор во незгодна ситуација [es]. Меѓутоа, нешто што не беше објавено во медиумите, а е исто толку загрижувачки, е прашањето за безбедност и приватност на интернет, како и неодамнешните инциденти на хакирањa.

Аргентина: Средношколци користат онлајн видео за објавување на своите проблеми

Со поставување на видео на ЈуТјуб, аргентинските средношколци успеаја да привлечат огромно медиумско внимание[es] за своето барање: потребата од зграда во која ќе се одржуваат нивните часовите. Моментално Ипем 112 „Цезар Инигвез Монтенегро“, во Себастион Елкано, село на северот на Кордоба ги одржуваат своите часови во основно училиште. Меѓутоа, бидејќи...

Колумбија: Блогери собираат потписи за петицијата за авторски права и индустриска сопственост

  2 април 2008

Каролина Ботеро, адвокат и промотор на Криејтив комонс за Колумбија бараше од блогерите и сите други што имаат пристап до компјутер и интерес за она што се нарекува „права на интелектуална сопственост“ да потпишат отворено писмо што ќе се испрати до КОНПЕС - Националниот совет за општествена и економска политика, а против нацрт-законот што претходно им го испратил Одделот за национално планирање, во кој новите модели на споделување на знаењето кои овозможуваат алтернативи на традиционалните политики за „заштита и примена“ се целосно игнорирани.

За нашето покривање на шпански

es