Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Никарагва: Поглед во владината програма за микрокредити

Минатата недела „Еста Семана“, 60 минутна телевизиска емисија за вести во Никарагва, известуваше и детално ја разгледуваше Усура Церо (Без камата), програма финансирана од владата која доделува мали кредити на микробизниси раководени од жени.

Но Нарен Мајорга од ¿Y ahora de que vamos a hablar? [es] го резимира целокупниот проект, кој никарагванската влада цврсто го крие:

Она што се знае е дека кредитите од 1000 до 5000 долари се доделуваат на урбани жени трговци по методологијата на еднаквост и со ниски, субвенционирани каматни стапки од околу 4% годишно, со грејс период помеѓу 2-6 месеци според добиената сума. Неколку организации и државни институции се вклучени во администрацијата.

Дополнително, блогот ги сигнализира и истакнува не само грешките направени од телевизиската новинарска екипа, туку и од владата и раководителите на програмата.

… Во интервју на менаџерот на Усура Церо на една од официјалните владини медиуми, таа рече дека програмата е целосен успех бидејќи до сега 70% од долговите се вратени. За програма од ваков тип мора да имаат најмалку 90% враќање на долговите или ќе бидат осудени на неуспех или ќе мора да преживуваат со владини пари или донации од странски држави.

Останатите 6 аргументи на Нарен може да ги прочитате тука [es].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.