Еквадор: Загриженост за сигурноста и приватноста на интернет

Фотографија од Пресидента де ла Република дел Еквадор, прикажана со дозвола

Еквадор до сега постојано се појавуваше во насловите во 2008. Прво, паднаа поројни дождови и го поплавија поголемиот дел од земјата. Потоа, контроверзната расправа за националниот суверенитет и неговиот соседот, Колумбија, исто така беа често во вестите. На крај, објавата дека Револуционерните вооружени сили на Колумбија (РВСК) имаат засолниште во земјата ја постави владата на Еквадор во незгодна ситуација [es]. Меѓутоа, нешто што не беше објавено во медиумите, а е исто толку загрижувачки, е прашањето за безбедност и приватност на интернет, како и неодамнешните инциденти на хакирањa.

Хакирањето на сајтот на претседателот се случи во средината на февруари, а беше извршено од хакер кој јавно се потсмеваше [es] на сигурноста на владиниот систем и гарантираше дека ќе нападне и други медиумски портали. Карлос Џумбо [es], кој работи во оваа струка, објаснува дека ова не е првиот случај од ваков тип во Еквадор и дека проблеми од ваков тип може да се решат:

Едноставно е да лоцираат и идентификуваат со превенција, проблемот е во одговорните за безбедноста на овие владини ентитети, тие треба да знаат дека во денешно време вистинските битки денес се водат во кибер-просторот… Тие треба да ги искористат реформите на законодавното тело, со кое се воведуваат нови регулативи за заштита на природните ресурси и борбата против кибер-криминалот, кој е во постојан пораст во Латинска Америка поради малите напори од земјите за дизајнирање и планирање стратегии за возвраќање на овие незабележливи напади. Во меѓувреме, култура за кибер-безбедноста може да настане неопходен елемент во развојот на помалите земји.

Луѓето и блогерите беа загрижени за овој инцидент и Палуло [es] за време на својата посета на јужен Еквадор се обиде да добие технички одговор од експертите од Техничкиот универзитет од Лоја. Тој интервјуираше два професионалци кои имаа одлично познавање од ASP апликации, хакирање на ISS сервери. Ова се мислењата на Фаусто Лоја:

ISS серверот може да биде нападнат од баговите на оперативниот систем кој управува со него. Во овој случај, сајтот на претседателот користи Виндоус, кој не е многу безбеден, што е наведено во публикациите за сигурносните закрепи (сервис пак) од Мајкрософт, покрај тоа „што ако развивањето не се прави од оние кои ги знаат фактите, сигурноста може да остави многу отворени врати“, со што се овозможува пристап до апликациите и вршење низмени…

Некои од овие нарушувања се вообичаени за Еквадор, но не кога компаниите го дозволуваат прегледот на приватните податоци. Голема телефонска компанија во земјата дозволи јавноста да има пристап до сензитивни информации за корисниците. Ла Битакора де Калу [es], предупредува:

Ова се случи со Пацификтел, една од државните телефонски оператори во Еквадор. На секому му е дозволено да ги види не само името, бројот на лична карта или адресата на живеење на одреден претплатник само од телефонскиот број, туку е овозможено гледање и на телефонските повици, нивното времетраење и други детали [..] Секако дека за самиот корисник оваа информација би била корисна, но Пацификтел треба да креира кориснички профил со лозинка за секој претплатник да пристапи до таа информација, а не како во сегашниот случај секој со интернет конекција може да пристапи со вашите повици.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.