Колумбија: Блогери собираат потписи за петицијата за авторски права и индустриска сопственост


CC на портокал од јамабобобо

Каролина Ботеро, адвокат и промотор на Криејтив комонс за Колумбија бараше од блогерите и сите други што имаат пристап до компјутер и интерес за она што се нарекува „права на интелектуална сопственост“ да потпишат отворено писмо што ќе се испрати до КОНПЕС – Националниот совет за општествена и економска политика, а против нацрт-законот што претходно им го испратил Одделот за национално планирање, во кој новите модели на споделување на знаењето кои овозможуваат алтернативи на традиционалните политики за „заштита и примена“ се целосно игнорирани.

Според написот на Каролина Ботеро, Диџитал калчр е игнориран во Документот за интелектуална сопственост на КОНПЕС [es] и таа објаснува како Одделот за национално планирање целосно ги превидел најновите случувања околу дистрибуцијата на дигиталните медиуми, и поединечно ги посочува случаите кои не биле земени предвид при истражувањето извршено од Одделот за национално планирање.

Со документот кој овој месец ќе се поднесе за одобрение од КОНПЕС како развоен модел ќе го усвоиме традиционалниот модел на „заштита и примена“, корисен во светот на физичките медиуми (печатени документи, ленти, цд-а, итн) но кој не е единствената опција во дигиталните средини или бизниси, и кој ги исклучува другите области.

Можете да прочитате повеќе информации околу ова писмо и предложениот закон на ајкомонс.орг каде што Каролина ги споредува новите политики со цртаниот лик „Капетан копирајт“ во Капетан копирајт повторно се појавува во Колумбија. Во делот за коментари, има дискусии околу погрешното собирање на куп на овие прашања како „интелектуална сопственост“ и некој дал предлог да се создаде стрип јунак кој ги заштитува авторските права, како пародија на Капетан копирајт.

Трите прашања кои се бара од КОНПЕС да ги земе предвид се; владините институции во образованието и културата да проговорат за нивните специјални потреби и правните режими за оваа тема, да се вклучат чинителите од граѓанското општество кои се можеби заинтересирани за ова прашање, и да се започне со подготовката на друг документ околу останатите аспекти на режимот за авторски права во случај да се одобри овој ограничен документ.

Потпишете ја петицијата [es].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.