Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Видео на Фликр: Јаболко на раздорот

Седумнаесет часа по нејзиното создавање, Фликр групата „БЕЗ ВИДЕО НА ФЛИКР!!!“ веќе има повеќе од 5475 членови и 670 ставки. Она што е уште повеќе зачудувачки е што друга група, „Им велиме НЕ на видеозаписите на Фликр“, создадена два часа подоцна, има двојно повеќе членови од претходната група, а двете групи ги сочинуваат членови кои се спротивставуваат на идејата за поставување на видеозаписи на платформата која традиционално се користеше за качување на слики. Од друга страна, групите создадени за качување на видеозаписи досега едвај имаат по 30 членови. Што е причината за ова незадоволство поради одлуката на Јаху и Фликр да овозможат поставување и гледање на видеозаписи на нивниот веб-сајт?

Повеќето од корисниците на овие групи се загрижени дека качувањето на видеозаписите ќе влијае на нивното пребарување на слики, што би довело до помала брзина и побавно качување на слики, а другите се вознемирени затоа што главната причина поради која се придружиле на Фликр биле фотографиите, а не видеозаписите. Тие стравуваат дека заедницата на поддршка која ја пронашле во Фликр ќе исчезне и ќе се претвори во заедница „главно сведена на поттикнување на верувањата, намерите и способностите на луѓето.“ Тука може да ги прочитате овие и други слични перспективи. Сепак, дури и меѓу овие групи има такви кои веруваат дека заради тоа што само професионалните корисници можат да качуваат видеа, тоа би станало некој вид на филтер за квалитет, и дека со тоа ќе се намалат шансите да се придружат нови корисници само поради видеозаписите. Другите се надеваат дека ќе стане алатка со која фотографите ќе можат да прават презентации на слајдови или да ја прекинат анимацијата на нивните слики, и да го искористат тоа за да има дадат поголема вредност на нивните производи. Исто така имаше барања за дискусии на шпански јазик, и објавен е преводот на петицијата која што ја потпишуваат.

Значи, какви содржини беа качени досега? Крипислип качи видеозапис од чистењето на длабока рана на ногата на едно момче, и тоа е само еден од многуте видеозаписи за животот во јужен Судан кои ги има поставено на Фликр.

 

Друг видеозапис е оној во кој децата свират на инструменти и пеат за туристите во солените рамници Ујуни во Боливија, качен од и-рен ишии. Следува видеозаписот кој го качи Г. Фростед на кој може да се види светлосиниот камион за собирање ѓубре од кој ечи неговата заштитна химна по улиците на Виетнам. Тој исто така има неколку други видеозаписи од различни локации низ светот лиценцирани под Криејтив комонс.

 

Последниот видеозапис кој ќе го претставам всушност беше избран од тимот на Фликр да биде дел од групата Видео! Видео! Видео! каде што ги собираа најдобрите примери од видеозаписи на Фликр досега. Следува „Планината Фиџи од Шикансен“ од антимега:

 

Без оглед дали се согласувате Фликр да се користи за видеозаписи или не, луѓето ја користат новата опција и качуваат свои содржини: останува да се види како Јаху и Фликр ќе одговорат на групите кои се незадоволни со оваа промена.

Информации за фотографија: „Не за видео на Фликр“ од Монки 2332, користена под соодветна криејтив комонс лиценца.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.