Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кратки филмови од Чиле: Микро и Мини филмови на веб

Од Чиле имаме три примери за креирање онлајн видеа: прво, кандидатот за претседател од Чиле ги искористува предностите на алатките за онлајн видео за да создаде документарци и интервјуа за веб дистрибуција, следно, два независни продуценти на кратки филмови со видеа во кои се зборува за сиромаштијата, инвалидитетот, старите навики кои не умираат лесно и зошто да не? Љубов.

Марсело Тривели, претходно споменат на Глобал Војсис за неговиот интерес за промоција на проектот Компјутер за секое дете во Чиле, како дел од неговата претседателска кампања. Следново видео беше поставено на неговиот ЈуТјуб канал, а зборува за ситуацијата во која живеат децата на улиците на Сантиаго де Чиле, каде дрогата и кражбите се нивно секојдневие. Видеото има титлови на англиски, а оригиналот на шпански може да го погледнете на овој линк.

Исто така влогерот Џосе Кордова Лианос креира видеа за прашања кои се важни за него: тој победи на онлајн видео натпреварот против злоупотребата „Генера“ со неговиот краток филм „Шепот“, кој покрај јазичните бариери, носи порака за ефектите од психичката злоупотреба која може да биде разбрана од луѓе од целиот свет. Неговите две следни видеа учествуваа во онлајн натпревар на 1 минутни видеа, во овој случај, Телетон во Чиле: неговото трогателно видео „Научи ме“ носи порака со цел да се научат децата да не дискриминаат, илустрирајќи го со едноставна слика од фигури од деца направени од хартија, додека „Ограничен“ е хумористично сценарио кое покажува дека да се биде со нарушен „здрав разум“ е многу поограничено отколку да не си во можност да се движиш без помош.

Оригиналното трето видео од џосекордоваланос, во кое јас навистина уживав, е „Лоши навики“, кое ги исмејува моменталните параноични трендови за сигурноста. Следува, титлувано на англиски:

Последното видео, од ЈуТјуб корисникот Патон1212 е едноставно наречен „Те сакам“. Може да го погледнете на крајот од овој пост или директно од неговиот извор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.