Еквадор: Приклучување на Криејтив комонс заедницата

За време на добро рекламиран настан, Еквадор им се придружи на другите земји кои нудат бесплатна дистрибуција на информации и содржини под лиценци наречени Криејтив комонс. Делегации од Колумбија, Аргентина, Мексико, Чиле, Венецуела, Перу, Бразил, Еквадор, Ел Салвадор, Костарика, Хондурас, Доминиканска Република и Куба пристигнаа еден ден пред настанот за да учествуваат во вториот КРЕАД Андрес конгрес и вториот ВИРТУАЛ ЕДУКА самит, каде тие разговараа за квалитетот на далечинското учење. Исто така презентери беа 26 експерти од 4 континенти Европа, Азија, Америка и Африка.

Лансирањето на Криејтив Комонс – Еквадор беше закажано да биде дел од овој состанок и беше организирано од Техничкиот универзитет Лоја (УТПЛ), член на КРЕАД. По неколку месечно ангажирање, менторите Џуан Џосе Пуертас Ортега и Карлос Кореа Лојола конечно го видоа резултатот од нивната макотрпна работа.

ГВО ги следеше настаните преку постовите од Едуардо Авила кои беа објавени тука и тука.

Криејтив комонс 3.0 [es] во Еквадор е 45тата јуриздикција од целиот свет, која го прифати лиценцирањето под Криејтив комонс и според изјавата за јавноста тие се “заинтересирани за промоција на културни производи и истражувања, па затоа ја поткренавме иницијативата за лансирање на Криејтив комонс лиценците како алтернатива на “сите права се заштитени“ авторските права. За да го постигнеме ова, поминавме низ процес на адаптирање на интернационалните лиценци на нашето законодавство и работевме заедно со нашата заедница и истакнати претставници од полето на авторски права, со цел да постигнеме јавно презентирање на неговото лансирање. “ Повеќе може да се прочита во новата Скрипта (pdf).

Оние Еквадорци кои не можеа да присуствуваат на лансирањето на Криејтив комонс – Еквадор можеа да ги следат случувањата преку веб сајтот на техничкиот универзитет Лоја, Отворен УТПЛ [es], кој содржи повеќе информации. За некои видеа од прогресот за кој известувавме, ве молиме посетете го ЈуТјуб каналот на универзитетот.

Како што веќе наведовме на почетокот, повеќето Еквадорски блогери го подржаа овој процес, кој започна на 10 март 2008. Нелсон Пиедра заедно со Палуло во живо ја пренесуваа церемонијата на своите блогови, која беше следена од илјадници луѓе не само од Латинска Америка, тука од целиот свет. Еве ги првите реакции од локалната блогосфера:

Ангел Гулан [es], блогер и исто така член на заедницата Сарагуро вели дека Криејтив комонс – Еквадор било комплетно успешно:

Тотална сатисфакција беше постигната со Криејтив комонс лансирањето, поглавје Еквадор; да се види хронологијата на настанот тука на блогот на Нелсон Пиедра.

Блогерот и корисник на Криејтив комонс, Палуло [es] побрза да ја ослободи содржината на неговиот блог:

Креатори од Еквадор на уметност, блогови и слично. Секој од нив е повикан да ги сподели своите креации или да наведат одредени права за нив, се со цел да се здружиме и создадеме повеќе знаење.

Блогот на одделот за Образовни информатички технологии на националниот универзитетот Лоја, вели:

Ни оди добро, исто како и на другите земји кои целат кон Веб 2.0, е-учење, ВЛЕ итн… Должноста на наставникот е да го сподели своето искуство со секого.

Лого од лансирањето на Криејтив комонс - Еквадор
Лого на лансирање на Криејтив комонс 3.0 – Еквадор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.