· јуни, 2010

Написи за Виблог од јуни, 2010

Бугарија: Протест против нео-наци насилството

На 6-ти јуни се одржа протест за поддршка на правата на бегалците и имигрантите во Бугарија. Кратко пред почетокот на протестот, група скинхеди нападнаа неколку луѓе кои одеа кон настанот во трамвај. На 10-ти јуни се одржа втор собир во кој активистите протестираа против неонацизмот и нападите врз мирното население.

Арапски свет: Каде улиците се мирни за време на фудбалските натпревари

Милиони луѓе околу светот се залепени за нивните телевизиски екрани, гледајќи ја церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал од Јужна Африка – па сцената не е поразлична ниту во Арапскиот свет. Од Саудиска Арабија, Калед Алабдураман прави резиме за расположението во регионот: Во следните неколку часа улиците на...

Ерменија – Азербејџан: Пронаоѓање зедничка територија онлајн

Осврнувајќи се на успехот на стипендистот на Rising Voices, Ceasefire Liberia, кој е граѓански  сајт што се занимава со конфликти и помирувања и придонесе за прекинување на огнот во Либерија, Global Voices забележува нова активност во истата област во Кавказ. Делумно ова е благодарение на известувањето на Global Voices за...

Јужна Африка: 32 тима и 40,000 проститутки за ФИФА Светското првенство 2010?

Ако одите во Јужна Африка да го гледате ФИФА Светското Првенство 2010, треба да бидете подготвени да сретнете 40,000 проститутки од целиот свет кои се очекува да се соберат во Јужна Африка…но, само ако верувате во гласини! Статија која ја има на веб-страницата Хиндустан Тајмс вели, Верувале или не, најмалку...

Италија: „Секој бакнеж е револуција“ додека хомосексуалците ги чекаат своите права

  14 јуни 2010

Последните неколку години насилството кон хомосексуалците е многу честа појава во Италија, но за голема жалост на многу активисти, тоа не придонесува да во скоро време се прифати легислативата за анти-хомофобија. На интернет има развиена дискусија за правната заштита на хомосексуалците и како може политички да се дејствува. На веб...

Колумбија: Ден без автомобили во Меделин

На 22 април, градот Меделин го прослави денот без автомобили, иницијатива одобрена од Советот на општината со договорот бр. 21 од 2008 година. Овој настан ја рефлектира идејата за грижа на околината и прославување на денот на Земјата. На блогот Movilidad al Día [шпански], на почетокот се пишува дека овој...

Израел: Пиксис го откажаа настапот

Следствено на големата меѓународна критика и осуда на судирот на Израел со активистите кои имаа намера да ја прекршат блокадата на Газа, Пиксис ветеранската рок-група, го откажаа нивниот концерт во Израел. Ова е врв од откажувањата на настапите на Kлаксонс, Горилаз Саунд Систем како и Eлвис Костело. Како и да...

Водич: SEO совети за блогери за застапување

Global Voices Advocacyсо задоволство ви го претставува новото издание од Водичите за 2.0 застапување: SEO совети за блогери за застапување: Како да оптимизирате за пребарувачите за да го зголемите бројот на читатели и да влијаете врз повеќе луѓе. Водичот е напишан од, The Sudanese Thinker, автор за Global Voices, консултант...

Грција, Германија и средниот прст на Милоска Венера

  10 јуни 2010

Во финансиската драма која продолжува да ја напаѓа Грција и еврозоната, минатата недела имаше ерупција од коментари предизвикани од насловната страна на германското списание Фокус на која беше прикажана грчката статуа Милоска Венера како и го покажува средниот прст на Европската Унија. Списанието исто така објави и статија во која...