· октомври, 2010

Написи за Виблог од октомври, 2010

Кувајт: Полициска бруталност снимена на видео?

Ширум светот има видео записи кои сведочат за полициската бруталност. Еве еден од Кувајт, којшто беше поставен на еден популарен блог и доби доста коментари - од кои многу го напаѓаа блогерот што го поставил.

Египет: Лош, лош Фејсбук

Едно телевизиско шоу коешто дискутираше за Фејсбук на египетската државна телевизија, стана извор на гласини, исмевање и многу забава на блоговите и Твитер. Tarek Amr има повеќе за овие реакции од страна на египетските интернет корисници.

Венецуела: Спогодба за нуклеарна енергија со Русија

  25 октомври 2010

Русија и Венецуела одржуваат блиски трговски односи од 2005 г.; Јужноамериканската држава има инвестирано повеќе од 4 милијарди долари во руско оружје во последните неколку години. Претседателот Хуго Чавез, кој е на службено патување низ Европа и Азија, пристигна во Русија (неговата деветта посета на оваа земја) минатиот 14-ти октомври...

Азербејџан: Баку му посакува добредојде на највисокото знаме во светот… и силниот ветер

По значајните трошоци за учество на Евровизијата и одржувањето на годишниот фестивал на цвеќето, богатиот со нафта Азербејџан продолжува да го изненадува светот. На пример, мината недела, највисокото знаме во светот беше подигнато во главниот град Баку. Според новинските извештаи и потврдено од Гинисовата книга на рекорди, знамето стои на...

Јапонија: Стар Римјанин во јапонска бања

  21 октомври 2010

Што може да имаат заедничко стариот Рим и модерна Јапонија, две култури кои се оддалечени и временски и просторно? Вакво прашање може да звучи како загатка за многумина, но всушност токму тоа ја инспирирало манга-авторката Мари Јамазаки да го создаде Thermae Romae, стрип со кој наводно е воведен нов жанр - ’бањска‘ манга.

Русија: Еротска наспроти политичка битка на календарите

Се вели дека новинарите треба да бидат објективни и непристрасни и да не стануваат блиски со политичарите. Кога младите студентки по новинарство решија отворено да го изразат своето восхитување кон рускиот Премиер Владимир Путин, „објективноста“ и „непристрасноста“ беа засенети од сексуалните инсинуации и еротска долна облека. Иако, фактот дека неколку...

Нигерија: Одрази од 50-годишнината од независноста

  13 октомври 2010

1-ви октомври ја обележа 50-годинината од независноста на Нигерија, најнаселената држава во Африка. Златниот јубилеј се прославува насекаде во државата и светската дијаспора, со говори, концерти, забави и секаков друг тип на настани. Но некои се прашуваат, дали воопшто има нешто за кое што треба да се слави? За многумина,...

Смешни веб реакции за колапсот на Фејсбук

  5 октомври 2010

Фејсбук е најголемата светска општествена мрежа, со повеќе од 500 милиони корисници. На 23ти септември 2010 веб страната беше привремено недостапна поради технички проблеми. Неколку шеги за колапсот на Фејсбук набрзо почнаа да кружат на Твитер, проследени со стотици коментари од многумина. Неколку од нив следат подолу: @liammalone: Додека Фејсбук...

Тајван: На кого му треба основач?

  5 октомври 2010

Дали д-р Сан Јат-сен го заслужува прекарот „Основач на Република Кина“? Дали е тој навистина беспрекорен идеалистички политички водач и херој кој стои зад револуцијата што ја совлада династијата Чинг? Како позната историска икона на териториите на Кина и РК (Тајван), митот за д-р Сан беше критички анализиран во Тајван,...