Бугарија: Протест против нео-наци насилството

На 6-ти јуни 2010-та во Софија се одржа протест за поддршка на правата на бегалците и имигрантите во Бугарија. Протестот беше организиран од страна на Светла Енчева и други активисти кои ги поддржуваат правата на имигрантите, а се оддржа пред бегалскиот камп „Бусманци“.

Кратко пред почетокот на протестот, група скинхеди нападнаа неколку луѓе кои патуваа кон настанот во трамвај. Полицијата сè уште истражува и имаат повеќе од 20 осомничени.

Моето Фејсбук сандаче со порака за протестот

На 10-ти јуни се одржа втор собир во кој активистите протестираа против нео-нацизмот и нападите врз мирното население. Настанот започна од Фејсбук, каде корисниците разменуваа пораки со местото и времето на собирот.

(c) Георги Иванов

Малку по шест часот попладне, сообраќајот во Софија беше блокиран од скандирањата „Нацистите в затвор“, „Фашизмот не е став, фашизмот е криминал“, „Нема да простиме, нема да заборавиме“ и транспарентите „Апатијата убива“, „Доста беше расизам“.

Лидија Стојкова го напиша следното за протестот на нејзиниот блог [бугарски]:

[…] Без разлика на протестот, постојат млади луѓе во оваа земја кои себеси се определуваат на различни начини и напаѓаат странци и сограѓани со потемна боја на кожата, како и други луѓе кои за нив изгледаат како хомосексуалци. Без многу размислување, јас овие луѓе би ги нарекла нацисти и фашисти.[…]

[…] Присуството на такви поединци го сметам како сериозен проблем и пројдов многу време зборувајќи за враќањето на фашизмот во нашата земја, но досега, проблемот се поврзуваше со бегалците, чија кауза ја поддржуваме. Мислам дека сега мораме да се сконцентрираме главно на таа кауза, бидејќи не е многу популарна, а тоа е затоа што не зборуваме доволно за неа.[…]

Борислав Борисов го напиша ова [бугарски] на неговиот блог:

Најважната работа што се случи по 20 години беше протестот на плоштадот „Патријарх Ефтими“ против зачестените активности на наци, фашистички, ултранационалистички, расистички, ксенофобни и други слични групи, формации, движења, како и улични банди. Добро е што постојат луѓе кои созрејаа за време на тој период на транзиција кој продолжи деценија по крајот. Постои чудно уверување низ блогосферата дека овие наци изливи се новина.

Во нејзината статија, блогерката Селене пишува [бугарски]:

„Нацизмот не е став, нацизмот е криминал.“

[…]

Тешко е човек да си замисли дека во 21 век Бугарија може да стане сцена на насилство, инспирирано од идеологија од почетокот на 20-тиот век. Идеологија, која доведе до Светска војна, геноцид, концентрационен логор, суровост и смрт во незамисливи размери.

Во блогот на Светла Енчева имаше и закана [бугарски]:

Изгледа не ти беше доста тепањето!

Не е јасно кој го напишал овој анонимен коментар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.