· август, 2009

Написи за Виблог од август, 2009

Гана: Новите медиуми во рацете на младите

Имав можност да го интервјуирам г-дин Мајкл Боампонг, извршниот директор на Young people we care (Млади луѓе ние се грижиме), чие седиште е во Кумаси, Гана. Од секој поглед, YPWC не е обична невладина организација и Мајкл не е обичен млад човек. Управувана од млади, за млади, YPWC се пoврзува преку...

Иран: Протестите инспирараат уметност

Иранци и странци и понатаму создаваат онлајн уметнички дела за поддршка на Иранците кои протестираа на 12 јуни против резултатите од иранските претседателски избори. Минатата недела издадовме повеќе примери во кои „уметноста и протестот се соединуваат“. Тим Рејнс, американски уметник, создаде еден дизајн во кој искажува солидарност со протестантите. Дизајнот...

Мароко: Славење за првата жена градоначалник

Мароканските избори од пред две недели завршија со изненадувачки резултати и беа примени со измешани реакции, како што истакнува Хишам тука. Еден таков резултат беше изборот на жена за градоначалник на Маракеш за прв пат во историјата. Фатиме Захра Мансури, која има учено право, е втората жена на оваа позиција...

Иран: Сведоштва од малтретирање и силување

Иранските власти беа обвинети од опозицијата и од експерите на ОН за малтретирање на затворениците кои протестираа против резултатите од претседателските избори од 12 јуни. Мехди Каруби, водач на опозицијата и поранешен спикер на иранскиот парламент, тврди дека притворените мажи и жени биле силувани во затворите „ Евин“ и „Кахризак“...

Азербејџан: Жалбата на блогерите е одбиена

Media Helping Media известува дека жалбите на Аднан Хајизаде и Емин Мили, двајцата видео блогери и младински активисти моментално во истражен затвор во Азербејџан по обвиенија кои по се изгледа се политични мотивирани , вчера беа одбиени.

Африка: Блогери оддаваат почит на Мајкл Џексон

Смртта на Мајкл Џексон предизвика изблик на емоции во речиси секој агол во светот. Обожавателите ги споделуваат своите сеќавања од Џексон на неговата официјална веб страница на речиси дузина јазици, а веста ги наполни првите страници на весниците низ светот. Во Африка, блогерите му оддаваат почит на „кралот на поп-от“,...

Израел, Палестина: Бесплатен виртуелен компјутер ги пробива бариерите

Новиот израелско- палестински Интернет зачеток наречен G.ho.st ги предизвикува Microsoft и Google на натпревар во развивањето на “cloud computing” оперативен систем кој им овозможува на луѓето да пристапуваат до своите фајлови и софтвер преку Интернет.

Југоисточна Азија: Интернетот и национализмот

  11 август 2009

Интернетот се повеќе го користат многу луѓе од Југоисточна Азија за најразлични националистички кампањи. Овој тренд е позитивен затоа што сега за сега го проширува и подобрува политичкото учество на обичните граѓани. Меѓутоа, постојат ултра-националистички онлајн иницијативи кои го спречуваат создавањето на регионална солидарност во Југоисточна Азија.

Грузија, Русија: Кибер напад врз блогерот „Cyxymu“

Пред една година, Руско-Грузиската војна се совпадна со Олимписките игри 2008 во Пекинг, одвлекувајќи дел од вниманието на јавноста од мирниот спортски настан. Оваа недела, кибер напади на LiveJournal, Twitter и Facebook, насочени кон LJ/Twitter/Facebook корисникот cyxymu од Тбилиси, додадоа поголема димензија кон известувањето за првата годишнина од војната –...