· мај, 2009

Написи за Виблог од мај, 2009

Хондурас: Силен земјотрес ја потресе земјата

Во раните утрински часови на 28ми Мај Хондурас го пробуди земјотрес кој со јачина од 7.1 степени спрема Рихтерова скала ја потресе земјата. Потврдени беа 5 жртви, повеке повредени, и полека се согледуваа штетите на земјината инфраструктура вклучувајќи згради мостови и патишта. Микроблогинг платформите како Blipea иTwitter беа меѓу првите кои известија за земјотресот преку корисниците од San Pedro Sula, Tegucigalpa и La Ceiba. Сепак некој не беа во можност поради прекините на електричната енергија и интернет низ поголемиот дел од земјата.

Индија: Видеа за растењето во Индија

  31 мај 2009

Логото на Adobe Youth Voices Благодарение на програмата Adobe Youth Voices, младите од цел свет имаат можност да испробаат аудиовизуелна опрема за да ги раскажат своите приказни од нивна гледна точка. Така е во Индија, каде што младите од многу училишта и од сиромашните предградија снимија кратки видеа за да...

Циклонот Наргис во Мианмар: Година потоа

Смртоносен циклон удри во јужната Мианмарска делта Иравади во Мај 2008 од кој беа зафатени повеќе од 2 милиони луѓе. Проценето беше дека 138,000 луѓе загинаа и 200,000 луѓе беа исчезнати после ударот на циклонот. Сега, една година после трагедијата од циклонот Наргис, преживеаните се уште страдаат додека обидите за обнова остануваат неадекватни. Се уште се потребни донатори со цел да им се помогне на преживеаните од циклонот.

Блогерите собираат средства за Брунејскиот специјален олимписки тим

  30 мај 2009

Со цел собирање на средства за тимот за Брунејската специјална олимпијада, локалните блогери креираат свест за учеството на тимот на Светсктата Специјална Oлимпијада во Атина во 2011. Главните активности за собирање на средства се одржаа на 3 Мај: маратон во одење и добротворен саем.

Парагвај: Анимираниот филм „Sebastian's Voodoo“ победи на Кан

Парагвајците слават бидејќи еден од нив, режисерот и аниматорот Жоакин Болдвин (Joaquin Baldwin), ја доби првата награда во натпреварот за краток онлајн филм, одржан во рамките на Канскиот филмски фестивал. Пријавениот филм, Sebastian's Voodoo (Вуду на Себастијан), беше креиран користејќи компјутерска анимација и победи 9 други финалисти за време на...

Кина: Нашето право да бидеме поштедени од стравот

  29 мај 2009

Блогерот Lan Xiaohuan (兰小欢), во својот пост “Горчлива насмевка”, рефлектира како нацијата исполнета со страв го замолчува гласот на народот. Жалејќи што цената да се бара правото на граѓанинот станува се повисока, тој исто така го сатиризира вдахновениот страв кој ги крши човечката  храброст и љубов, заклучувајќи дека Кинезот никогаш...

Случаи на грип А (H1N1) во Југоисточна Азија

  27 мај 2009

Неколку земји во Југоисточна Азија потврдија дека тестовите направени на неколку граѓани за грипот А  (H1N1) излегоа позитивни. Регионот не е повеќе место каде што нема свински грип. По вестите за случајот на свински грип во Малезија, Нураина А. Самад се плаши од најлошото: Знаеме дека има патници од двата...

Ангола: Секој град има своја историја, а нашиот не е поразличен од другите

  26 мај 2009

Уште од јануари оваа година, неколку блогови објавија петиција за зачувување на остатоците од архитектонското наследство во Луанда. Предложена од страна на Здружението на архитекти на Ангола и упатена до претседателот на Ангола, Хозе Едуардо дос Сантос, петицијата има за цел да го заштити културното наследство на Луанда. Во одбрана...

Мароко: Починаа единаесет луѓе при метеж на музички фестивал

Најмалку единаесет луѓе загинаа, а триесет луѓе се повредени за време на меѓународниот музички фестивал „Маузин“ во Рабат, главниот град на Мароко кој се одржа саботата навечер, на 23 мај. Инцидентот се случил пред завршувањето на фестивалот поради паѓањето на металната ограда во стадионот Хај Нахда, каде имаше околу 70.000...

Малдиви: Првите слободни парламентарни избори

  25 мај 2009

Во Малдивите имаше значајни политички промени во последните пет години: воведување на политички партии во 2005 год., ратификација на изменетиот Устав во август 2005 год. и првите повеќепартиски избори одржани во октомври 2008 год. кои допринесоа да се формира демократска влада. Но, парламентарните избори одржани на 9-ти мај беа од...