Арапски свет: Каде улиците се мирни за време на фудбалските натпревари

Милиони луѓе околу светот се залепени за нивните телевизиски екрани, гледајќи ја церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал од Јужна Африка – па сцената не е поразлична ниту во Арапскиот свет.

Од Саудиска Арабија, Калед Алабдураман прави резиме за расположението во регионот:

Во следните неколку часа улиците на Ријад ќе бидат тивки. Благодарам Јужна Африка 😉

Од Бахреин пак се радува Нивос:

Церемонијата на отворањето на Светското првенство… светот под еден покрив…Неверојатно!!!

Редбелт, исто така од Бахреин, додава:

Многу сум среќен! Светското првенство конечно почнува! Ја гледам церемонијата на отворањето со женичка ми.

Но за некои, беше како секој вообичаен ден. Ријад Адбул Азис од Оман пишува преку Твитер:

Заминувам да работам на Мола (традиционална средноамериканска облека) и да се подготвам за овонеделната работилница. Нема да гледам никакво Светско првенство

Оваа претстава на отворањето насобра многу коментари, особено кога алжирскиот пејач на романтични песни Шеб Калед ја изведе Диди, којшто донесе среќни сеќавања за Твитер пријателите.

Египќанецот Ала Абд Ел Фатах беше задоволен:

Супер, Шеб Калед го треси #WC2010

Рами Таибах од Саудиска Арабија беше одведен назад во времето:

Диди!!! Хахаха песната ме врати 17 години наназад… #Worldcup #WC2010

А Бутеина, од ОАЕ, остана зачудена:

Никогаш не сум помислила дека „диди” може да се врати, но Шеб Калед докажа дека не сум во право во #southafrica #worldcup

Па имаше и разочарувања.

Таиба се прашува:

‘Опа’ дали е до мене или стадионот не е исполнет до последното место? #disappointed #WC2010 #Worldcup

Абдурахман Варсам, кој во моментов е во Доха немаше повеќе трпение:

одлична музика, вклучувајќи ги алжирските пејачи Калид, кваито пејачите (ЈА рап)…супер, но нека започне веќе играта #wc2010

И Египќанецот Ахмед Шокеир не беше импресиониран:

Церемонијата на отворање на Светското првенство заврши…доста скромно отворање, без потребното ”WOW”, но сепак е прифатливо

И покрај ова, Ејад, од Бахреин не беше среќен што заврши:

Тоа е се! Стварно? Јас сум делумно разочаран

Многу гледачи го насочија критицизмот кон Ал Џазира спорт, која што ги пренесува игрите.

Таиба пишува:

Драги спортски коментатори од Ал Џазира, ве молам заќутете, не ни треба вашиот придонес. Разбираме што се случува #WC2010 #Worldcup @ajenglish_sport

Тој продолжува:

Среќен сум што спортскиот коментатор од Ал Џазира не ги преведе и стиховите!

Бутеина додава:

Зошто арапските коментатори инсистираат на монотоноста од каго телевизијата за првпат беше направена, како да е за сите пригоди #ја

За некои, политиката не може да биде одделена од спортот.

Мохамед Јусеф од Египет се надева:

Еден ден, Апартхејдот ќе заврши во Палестина и ќе му покажеме на светот како ние можеме да ги пречекаме #worldcup #pal

И Бутеина додава:

Драга мрежа на @aljazeera: ве молам реинвестирајте ја оваа огромна сума на пари која ќе ја направите од приходите од Светското првенство во филм за #flotilla

Египќанецот Мо-ха-мед ја дава завршната мисла:

Да бидеме искрени? Дали стварно мислевте дека можеме да организираме Светско првенство? Можеме ли да се натпреваруваме со тоа?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.