· август, 2012

Написи за Виблог од август, 2012

Колумбија: Посета на домородниот резерват Кармата Руа

  31 август 2012

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа Правата на домородното население. Мултимедијалниот веб-канал TodoLoQueHay (Сè што постои) од Колумбија, неодамна објави кратко визуелно патување во домородниот резерват Ембера-Чами, порано познат под името Христијанство, чиишто жители сега се обидуваат да биде познато под првобитното име од нивните предци: Кармата Руа. Даниел Кинтеро, снимајќи краток...

Јужна Кореја: Плашејќи се од кравјо лудило, нови протести против говедското месо од САД

  31 август 2012

Илјадници жители на Јужна Кореја протестираа со палење на свеќи, протестирајќи против продолжениот увоз на говедско месо од САД по откривањето на кравјо лудило во април на територијата на Калифорнија. Во 2008 година, илјадници луѓе излегоа на протест и заедно запалија свеќи во знак на протест против планираниот увоз, кога владата вети дека дека...

Куба: Каде е „слободата“ на медиумите?

  21 август 2012

Денес е Ден на слободата на медиумите – но во карибската блогосфера, мал дел од кубанските блогери се единствените кои зборуваат за тоа. Notes from the Cuban Exile Quarter обезбедува позадина за самиот ден, објаснувајќи: Обединетите Нации, на 20 декември 1993, го прогласија 3 мај за Светски ден на слобода на...

Ел Салвадор: Ќе се снима документарен филм за жените од граѓанската војна

  21 август 2012

Кампања финансирана од симпатизери, наменета за Жените на војната, има за цел да ги прикаже приказните на жените кои беа дел од граѓанската војна во Ел Салвадор (1980-1992) и кои денес ги водат нивните заедници кон мир, еднаквост и правда. Преку IndieGoGo, Лин МекКракен и Tеодора Симон собираат дел од финансиите потребни за...

Возила на три тркала во Југоисточна Азија

  21 август 2012

Туктук, Бека, Кулиглиг, Тришав, Педикаб, Бекак, Трицикл. Ова се познатите возила на три тркала кои се вообичаени за југоисточна Азија. Може да ги видите на улиците во урбаните центри, но владите се обидуваат да ги забранат овие сеприсутни моторизирани или не – рикши и трицикли, на поголемите автопати. Eлектрични трицикли чии резервни...

Индонезија: Лејди Гага не доби дозвола за концерт

  21 август 2012

Откако беа притиснати од конзервативните политичари и тврдокорни групи, кои ја етикетираа Лејди Гага како обожавател на ѓаволот, индонезиската полиција објави дека нема да издаде дозвола за долгоочекуваниот концерт на Лејди Гага во Џакарта, оставајќи повеќе од 50,000 фанови разочарани. @HeyPotterhead: Подобро да не го откажете концертот на Лејди Гага....

Јемен: Колку жени биле жртви на сексуално малтретирање?

Минатиот 2 мај, статија објавена во панарапскиот весник Al Hayat која вели дека 90% од јеменските жени доживеале сексуално малтретирање, предизвика вознемиреност меѓу корисниците на интернет. Иако многу корисници на Твитер признаваат дека постои проблем со злоставување во Јемен, процентот даден од страна на весникот ги подели. Марван Алмураису побара весникот да се...

Шпанија: Уметноста процвета заедно со глобалната пролет

  17 август 2012

Овој напис е дел од специјалната репортажа Eвропа во криза. Од 12 (12М) до 15 мај (15М), Шпанија искуси социјално движење на улиците како протест против контролата на банките и побара систем кој е подемократски, партиципативен и поправеден. Со ширењето на протестите и општото незадоволство, последниот ден од протестите, движењето...

Индонезија: Треба ли џамиите да го намалат тонот на повикот за молитва?

  17 август 2012

Во својот говор за време на националниот конгрес на индонезискиот Oдбор на џамии минатата недела, заменик претседателот Боедионо предизвика дебата кога предложи џамиите да го намалат тонот на звучниците за време на дневната молитва. Џамиите во Индонезја користат звучници за да емитуваат „езан“ (повик за молитва) пет пати на ден како...

Франција: Реакциите од резултатите од претседателските избори преку фотографии

  17 август 2012

Претседателските избори за 2012 година во Франција, десеттите по ред претседателски избори во Петтата Република ја донесоа конечната одлука на 6-ти мај 2012. Кандидатот од Социјалистичката партија Франсоа Оланд доби 51,90% од гласовите, наспроти оние 48,10% на претходниот претседател Никола Саркози во вториот круг на гласање. По претседателските избори, следуваат и парламентарните...