· јануари, 2014

Написи за Виблог од јануари, 2014

37 милиони ученици во Бангладеш ја започнуваат новата година со бесплатни учебници

  27 јануари 2014

„Ова е тој Бангладеш што сакаме да го видиме...среќни деца со нови книги во потрага по знаење...а не деца со пушка в рака кои учат како еден човек да го направат сито и решето“

Година на кампањи за Иран

Иранците оваа 2013 година беа сведоци на два големи политички настани: Изборот на нов претседател и почетокот на нуклеарниот договор. Двата договори ја вратија надежта во срцата за подобра и помалку болна иднина кај многу Иранци.  Во меѓувреме, репресијата и цензурата продолжуваат во земјата: од филтрирањето на WeChat до масовното апсење на професионалци од областа на технологијата...

Виралната фотографија од џиновска лигња пронајдена во Калифорнија е лажна

  14 јануари 2014

Оваа лажна слика од џиновска лигња циркулираше на социјалните медиуми на многу јазици. Оригинално се појави на Lightly Braised Turnip, што се чини дека е сатиричен веб-сајт за вести, фотографијата беше придружена со опис дека „џиновска лигња е откриена на брегот на Калифорнија и научниците се сомневаат во радиоактивен гигантизам“,...

Честит Божиќ ви посакуваат сириските уметници

Во време кога војната во земјата влегува во четвртата година и со повеќе од 100.000 жртви и милиони луѓе раселени во соседните земји барајќи засолниште, христијаните во Сирија тивко го слават Божиќ. Како што се вели во овој извештај на Ал Џезеира, со засолништето дојдоа и вкочанувачка зима и молитва...

Шеснаесетгодишниот Саудиец кој се бори во Сирија

Разни групи Џихадисти, уште од почетокот на граѓанската војна во Сирија пред две и пол години, се обидуваат да привлечат млади луѓе кон нивните војски. Континуираното објавување на снимки од масакри во последниов период се докажа како моќна алатка за мобилизирање на илјадници ултраконзервативци кои се приклучија кон овие групи,...

Безусловен основен приход за сите Европјани

ГВ лице  8 јануари 2014

Движењето кое бара на секој граѓанин да му е овозможено правото на „безусловен основен приход“ — без никаква работа — се побрзо се шири низ Европа.  Во последниве 11 месеци, Европската граѓанска иницијатива (EЦИ) се шири преку едногодишна кампања за собирање на еден милион потписи кои го подржуваат „безусловниот основен приход (УБИ)“...